ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пријавување за пензионерските спортски игри

Здружение на пензионери – Кочани и годинава се подготвува за организирање на спортски игри на локално ниво, од кои ќе се изврши селекција за учество на Регионалните и Републичките спортски игри. Заинтересираните пензионери и пензионерки кои сакаат да учествуваат во спортските дисциплини: табла, шах, пикадо, домино, фудбал, кошарка, скок од место, трчање, теглење на јаже и стрелаштво, можат да се пријават во пензионерските клубови во Кочани, Оризари, Зрновци и Чешиново – Облешево. Пријавувањето е најдоцна до 15.05.2023 година.За селекцијата по општини, заинтересираните ќе бидат дополнително известени, се вели во соопштението…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

В петок, 12 мај – Генералка викенд во Кочани

На 12 мај, Oпштина Кочани ќе се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023. Во акцијата ќе учествуваат основните и средните училишта, дел од вработените во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани. Акцијата ќе започне од 10 ч., кога од пред зградата на Општина Кочани учесниците ќе појдат кон соодветните локации: „АСНОМ“, СОУ „Љупчо Сантов“, Тикешински Лозја и Лукубија. Покрај собирање и селектирање отпад, ќе се засадуваат дрвја на урбанизирани места во Кочани.

Прочитај повеќе