КОМЕНТАР 

Претседателот 166.000, работникот 20.000, пензионерот 12.000 …

Делува како држава на испревртени вредности Македонија, кога ќе се земат во обѕир платите на разноразни чиновници, наспроти обичните стручњаци и работници, или наспроти пензиите, нивните зголемувања и несразмерни соодноси. Како кој како се снашол. без критериуми и реалност. Ако Талат Џафери или Стево Пендаровски за еден месец земаат плата од 166, или 166 илјади денари, за која еден наставник или професор мора да работи пет месеци, а работниците 7 или 8 месеци, и ако зад нив се уште над 1000 преплатени службеници, тогаш јасно е до каде е дојдена…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Започнаа Ѓурѓовденските обичаи …

Попладнево со дефилето, традиционалните игри и концертот во Зрновци, започнаа десетите Ѓурѓовденски обичаи, ора и песни, организирани од Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а поддржани од Министерството за култура. На оваа манифестација учествуваат десетина ансамбли од земјава и од странство, кои пред публиката во Зрновци се претставија со одбрана програма, карактеристична за местата од кои доаѓаат. Пред почетокот на концертот, претседателот на ФА „Љупчо Сантов“, Александар Тошев им додели благодарници на градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, како и на учесниците на манифестацијата.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Приведен дилер од Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани, вчера во 18:10 часот, го лишиле од слобода Е.Д.(46) од Кочани. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Интервенции на водоводната мрежа на улица „Бел Камен„ во Кочани

Во рамките на своите планирани активности за поправка и унапредување на водоводната мрежа, секторот водовод и канализација при КЈП “Водовод” Кочани во претходните неколку денови изврши повеќе интервенции според претходно утврден план и динамика.  На улица “Бел камен” во Кочани беше извршена промена на вентил на главна линија. Со ова ќе се овозможи при сопирање и други интервенции на главната линија за оваа улица, прекинот на вода да биде сведен на помал број на корисници. Исто така на оваа улица извршена е промена на цевка од 30 м со f90,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Санација на шахти на улица „Теодосија Паунов„во Кочани

Како дел од програмските активности, КЈП “Водовод” Кочани деновиве изврши санација на неколку оштетени капаци на шахти на коловозните ленти на улица “Теодосија Паунов” во Кочани.  Во рамките на своите предвидени работни активности во следниот период КЈП “Водовод” Кочани ќе изврши санирање и на други оштетени капаци на шахти на коловозните ленти и сливни решетки. Поради се позачестените кражби и оштетувања на метални капаци на шахти, апелираме до нашите сограѓани да се однесуваат одговорно и да не ја загрозуваат безбедноста на другите со кражби или оштетување на металните шахти.

Прочитај повеќе