ЗАНИМЛИВОСТИ 

Ванѓа со лоши пророштва за 2021 година

Страдална и тешка ќе биде 2021 година, ако се остварат пророштвата на видовитата Ванѓа. Меѓутоа, во наредните 12 месеци ќе се случуваат и позитивни нешта, иако во помал обем во однос на негативните. Според Баба Ванѓа, во 2021 година, американскиот претседател во заминување ќе оглуви поради дијагностициран тумор на мозокот. Сепак, пророчицата охрабрува дека човештвото ќе може да го победи злото. Во делот на големите државници, Ванѓа предвидела дека ќе биде извршен атент на „најмоќниот човек на Кремељ“, како и дека „змејот“ ќе завладее со човештвото. За нашиот континент едно…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочанчани најодлучно им се заканија на загадувачите … или ние, или вие.

Најмасовно и најодлучно до сега, денеска граѓаните на Кочани излегоа на протест против најголемиот загадувач на воздухот од страна на Фабриката Пајпер Мил и побараа истата да обезбеди соодветна заштита, или да биде затворена. Ова е последна опомена за сопствениците на Бугарската компанија, која стои зад фабриката, бидејќи наредниот чекор ќе биде целосно блокирање на капацитетите, извикуваа говорниците и присутните. Некои од нив посочувајќи дека вината за работењето и загадувањето на Пајпер Мил е во институциите во општината и државата. Говорниците укажаа на досегашните активности организирани со цел спречување на…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Не еден, повеќе службеници биле пцуени и клоцани на „Стамен Манов“

Во писмената реакција на службените лица кои биле омаловажувани и малтретирани, при извршување на службена должност, упатена до медиумите кои ја објавија првичната вест дека „Градежен инспектор бил нападнат …“, се посочува дека некој сакал да го забошоти случајот и да го минимизира. Ние како дел од учесниците во акцијата за стопирање на дивоградбата на улицата „Стамен Манов“ во Кочани реагираме на објавениот наслов „Градежен инспектор нападнат од сопственик на градба на која се вршело контрола“. Нашата реакција се однесува на тоа што не се работи за лице во еднина…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ќе ја испразнат ли старата касарна-новите куќи ?

Општина Кочани и државата се решени да ги изградат типските куќи за 24 семејства од ромската заедница, кои низ годините диво се населени во старата касарна и тука во несоодветни услови живеат со години. Тоа при посетата на Кочани го потврди и премиерот Зоран Заев, кој во оваа прилика додаде дека во тек е изградба на вкупно 897 станови во државата, од кои 10% се наменети за ромската заедница Деновиве Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев извршија обиколка и увид на планот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

24 студенти потпишаа договор за добивање стипендии за учебната 2020/21 г.

Вкупно 24 студенти кои ги исполнуваат условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање,денеска ги потпишаа договорите за користење стипендија за студиската 2020/21 г. Поради здравствената криза, потпишувањето на договорите се спроведе според мерките за заштита од ширење на вирусот. Во своето кратко обраќање пред студентите, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека младите стручни кадри се двигатели на економијата во едно општество, па во рамките на своите надлежности,локалната самоуправа ја продолжува и поддршката на студентите. Според Записникот на Комисијата за доделување на студентските стипендии, годинава биле…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ВМРО- ДПМНЕ се приклучува кон протестот „ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ„

ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани ја користи оваа прилика јавно да ги повика членовите и симпатизери на нашата партија да ја поддржат иницијативата за протест под мотото „ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ„. Последните години, СДСМ ги имаше механизмите на Централната и Локалната власт за да превземе било што во врска со овој проблем, па затоа ги предупредувам да не се фолираат ниту да се правам душегрижници за Кочанскиот воздух. Ние како политичка партија имаме цел работниците да останат на своите работни места, а емисијата на издувни гасови да се контролира. Почитувани…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Владата намени средства за замена на 2,2 км од цевководот во Кочани

Со одлука на Владата на РС Македонија,Општина Кочани доби 44,6 милиони денари за изградба на потисен цевковод од пумпната станица во Грдовски Орман до изливниот базен на препумпната станицаод водоводниот систем. –Подобрувајќи го системот за водоснабдување, решаваме едно од суштинските прашања за Кочани за наредните 50 години.Поддршката од централната власт за реализација на капитални проекти е посебно значајна за развојот на Кочани – изјави Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. Според проектната документација, ќе се заменат 2250 метри на постојниот цевковод, од бунарскиот систем Грдовски Орман до изливниот базен на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Парк од 50.000 евра-донација за градот

Компанијата „Алекс 3“, која е меѓу двестоте најуспешни водржавава, за наредната година крои крупни планови и инвестициски зафати, притоа не заборавајќи на општествената одговорност. На атрактивната локација на Калиманова Глава, покрај веќе постоечките станбени згради ќе се гради уште една, за заокружување на комплексот. Но тоа што Алекс 3“ ја прави поразлична од другите компании е изградбата на парк,со многу содржини за деца како и за возрасни, кои тука ќе можат да уживаат во игри, рекреација и одмор.Се работи за инвестиција од педесетина илјади евра, кој откако ќе биде целосно…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

За 35 минути прекувремено-заработил кривична

На 20.12.2020 во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на 30 угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на Ковид 19. При контролата, било констатирано дека еден угостителски објект не го почитувал работното време, односно во угостителски објект на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани во 18.35 часот биле затекнати неколку гости. По консултација со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Полиција: за пукање петарди – 200 до 400 евра казни

Имајќи во предвид дека пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници од страна на граѓаните и малолетници – деца, неовластено се употребуваат пиротехнички средства (петарди) со што се нарушува Јавниот ред и мир и безбедноста, Секторот за внатрешни работи Штип, Одделение за внатрешни работи Кочани, во пресрет на празниците ги информира граѓаните дека неовлатената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против Јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлознивни материи и Кривичниот законик на Република Северна Македонија. ОВР Кочани упатува апел до сите…

Прочитај повеќе