ОПШТИНА КОЧАНИ 

Со маски и шеги – одбележан 1 Април 

Во пресрет на 1 Април, Денот на шегата, на платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“.  Во програмата, маскирани настапија деца од Детската градинка „Павлина Велјанова“, Приватната градинка „Амичи“ и ученици од училиштата во Кочани.  Учесниците, родителите и сите присутни ги поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој на сите деца им посака радост и среќни мигови.  Првоаприлската манифестација традиционално ја организира Одделението за јавни дејности од Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието. 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Наградени најупешните ученички творби за книгата

Во рамките на програмските содржини од Фестивалот на децата, книгите и музиката и одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца, денеска беа доделени наградите за најуспешните творби од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката „Искра“ во соработка со Општина Кочани. Ученици од основните училишта од Кочани, пишуваа под шифри на темите: Јас сум книга, читајте ме и Книгата – моја верна ѕвезда водилка. За најуспешни беа избрани  прозните творби на: Мелани Векова (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Лана Лазарева  (ОУ „Св. Кирил и Методиј“) и Анастасија Богданова (ОУ „Раде…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод“ – Поставен длабински пумпен агрегат

Денес стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани по претходно утврдената динамика и извршени подготвителни работи поставија длабински пумпен агрегат. Во врска со поставувањето на пумпниот агрегат беа направени дополнителни градежни зафати, односно со специјализирано возило за разбивање на наслаги и вшмукување на отпаден материјал беше извршено целосно чистење на површината каде беше поставен длабинскиот пумпен агрегат. Станува збор за длабински пумпен агрегат од компанијата Pleuger во вредност од околу 2 000 000 денари. Целосното ставање во функција на заменската потопна пумпа нема да влијае врз квалитетот на услугите кои КЈП…

Прочитај повеќе