КУЛТУРА 

Започнаа Ѓурѓовденските обичаи …

Попладнево со дефилето, традиционалните игри и концертот во Зрновци, започнаа десетите Ѓурѓовденски обичаи, ора и песни, организирани од Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, а поддржани од Министерството за култура. На оваа манифестација учествуваат десетина ансамбли од земјава и од странство, кои пред публиката во Зрновци се претставија со одбрана програма, карактеристична за местата од кои доаѓаат. Пред почетокот на концертот, претседателот на ФА „Љупчо Сантов“, Александар Тошев им додели благодарници на градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев, како и на учесниците на манифестацијата.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Приведен дилер од Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани, вчера во 18:10 часот, го лишиле од слобода Е.Д.(46) од Кочани. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Интервенции на водоводната мрежа на улица „Бел Камен„ во Кочани

Во рамките на своите планирани активности за поправка и унапредување на водоводната мрежа, секторот водовод и канализација при КЈП “Водовод” Кочани во претходните неколку денови изврши повеќе интервенции според претходно утврден план и динамика.  На улица “Бел камен” во Кочани беше извршена промена на вентил на главна линија. Со ова ќе се овозможи при сопирање и други интервенции на главната линија за оваа улица, прекинот на вода да биде сведен на помал број на корисници. Исто така на оваа улица извршена е промена на цевка од 30 м со f90,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Санација на шахти на улица „Теодосија Паунов„во Кочани

Како дел од програмските активности, КЈП “Водовод” Кочани деновиве изврши санација на неколку оштетени капаци на шахти на коловозните ленти на улица “Теодосија Паунов” во Кочани.  Во рамките на своите предвидени работни активности во следниот период КЈП “Водовод” Кочани ќе изврши санирање и на други оштетени капаци на шахти на коловозните ленти и сливни решетки. Поради се позачестените кражби и оштетувања на метални капаци на шахти, апелираме до нашите сограѓани да се однесуваат одговорно и да не ја загрозуваат безбедноста на другите со кражби или оштетување на металните шахти.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

И З В Е С Т У В А Њ Е ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Се известуваат корисниците на времени објекти на подрачјето на општина Кочани, кои не ги користат и не се во функција, да ги отстранат во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на ова известување во локалните медиуми и на веб-страницата на Општина Кочани. Доколку корисниците не постапат согласно ова известување Општина Кочани ќе ги отстрани времените објекти на нивен трошок.             4.5.2023 г.            Општина Кочани

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во Детската градинка „Павлина Велјанова“ се одржаа работни средби за градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи

Во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани деновиве се реализираа  мониторинг-средби на тема ,,Градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи“. Мониторинг-средбите имаа за цел да го поттикнат и да го мотивираат кадарот за спроведување стратегии и знаења за организирање стимулативна средина за учење, на начин што ќе овозможи позитивни социо-емоционални резултати кај децата и кај нивните семејства. На средбите учествуваа директори, воспитувачи, негуватели, членови на професионалната заедница за учење во детските градинки од општините Чешиново-Облешево, Пехчево, Зрновци и Карбинци. Дисеминацијата ја водеа: мониторинг мастер-воспитувач Јованка Ефтимова, Соња Стоилова, Лилјана Паунова, Даниела Наунова и Снежана Алексова.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ОДРЖА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА

Денеска, во салата на Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата одржа конститутивна седница, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Советот којшто брои 13 членови, ќе има задача да ја подобри состојбата и безбедноста во сообраќајот во Кочани. Конкретните активности на ОСБСП ќе бидат насочени кон унапредување на сообраќајната култура и едукација и спроведување мерки со кои ќе се влијае кај сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи. Паралелно ќе се дејствува и на планот на подобрување на сообраќајната…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишан договорот за реализација на проектот за бетонирање крак од улицата „Стамен Манов“

Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот. Уличниот крак е на потегот кон Колерски Гробишта, со должина од 120 м и со различна ширина од 1,5 до 3 м. Со финансиска поддршка од УСАИД, „Ромалитико“ ќе учествува во проектот со 40 %, со набавка на градежни материјали. Рокот за градба е два месеца по завршувањето на тендерската постапка. 

Прочитај повеќе