ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Собрани потребните финансии за лекување на 27 – годишната Наташа Стефанова

Благодарение на хуманите граѓани од Кочани, регионот и од цела држава како и на оние од странство за кратко време откако беше објавено во медиумите, се собраа потребните средства за лекување на 27 годишната Наташа Стефанова од Кочани. Финансиската помош и е потребна за лекување и отстранување на туморот на мозокот, болест со која се соочува скоро две години. В понеделеник Стефанова со придружник од нејзиното семејство заминува за Турција на закажаната операција. Лекарите од Македонија на два наврати пробале со операција да и го извадат туморот но не успеле…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Почит кон револуционерите за Денот на македонската борба

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, неколку општински делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата во Кочани. Во празничната честитка, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакнува дека основањето на Македонската револуционерна организација означува почеток на организираната борба на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава Македонија. – Овој датум е повод да им оддадеме почит на сите што низ вековите се бореа и го дадоа својот живот за слободата на македонскиот народ. Во визијата што обедини граѓани од различни социјални слоеви, со различна верска и етничка припадност е борбата за политичка и социјална слобода за Македонија. Денот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Отворени 23. „Денови на медот“ во Кочани

Денеска, по 23. пат, во организација на Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани е отворена продажната изложба на мед и пчелни производи. На платото во Трговскиот центар во Кочани на десетина штандови, своите производи ги претставуваат пчелари од различни краишта на државава. – Ова е одличен начин на граѓаните да им се приближат производи за здрав живот.  Нашиот регион изобилува со природни реткости погодни за пчеларење. Посебно важно е што со прогласувањето на дел од Осогово за заштитено подрачје се создаваат огромни можности за брендирање на медот, што ќе овозможи негов подобар…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес на Папазов: Ќе инвестираме во Пониква

Почитувани, Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води. Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси. Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква. Ќе изградиме нов ски лифт и нова ски патека. Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите.

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Промовирана книгата за Тодосија Паунов

Во присуство на членови на семејството Паунови, како и на голем број роднини и пријатели, поранешни вработени и јавни личности од Кочани, денеска во кругот на некогашниот гигант „АТОМ“, беше промовирана книгата „Од Речани до парламентот“, посветена на еден од најистакнатите општественици во поновата историја на општината, Тодосија Паунов. Монографијата е дело на авторите Славица Цветкова и Јане Атанасов, кои, како што велат, три години работеле на истражување и создавањето на ова значајно дело, кое преку животниот пат на Тосе, обработува еден исклучително успешен период од развојот на градот и…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Борба за секој глас до последен час

КАНДИДАТИТЕ КОИ СЕ ВО ВОДСТВО ПО ПРВИОТ КРУГ СМЕТААТ ДЕКА СЕКОЈА ПРЕДНОСТ Е ЗНАЧАЈНА, А ПРОТИВКАНДИДАТИТЕ ВЕРУВААТ ВО БРАНОТ НА ПРОМЕНИ, КОЈ ЌЕ ИМА ВЛИЈАНИЕ КАЈ ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО. ОЧЕКУВАЊАТА СЕ ДЕКА ДО 31 ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ВОДИ БИТКА ЗА СЕКОЈ ГЛАС, СО ЦЕЛ ДА СЕ СТИГНЕ ДО ПОСАКУВАНАТА ПОБЕДА. Разликата во гласови на кандидатите за градоначалници на општините Кочани и Чешиново-Облешево, остварена во првиот круг им дава за право на учесниците да се надеваат на конечен успех во вториот круг. Тоа што е јасно, е дека и на гласањето на…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Цените се тркаат помеѓу себе

ВО УСЛОВИ КОГА ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ БЕЛЕЖАТ ПОРАСТ  СО ЕДНОЦИФРЕН ПРОЦЕНТ, А ЕНЕРГЕНСИТЕ И ПРЕХРАНБЕНИТЕ АРТИКЛИ СО ДВОЦИФРЕН, ТОГАШ ТЕШКО НА ТИЕ ШТО СЕ НА ДНОТО ПО МЕСЕЧНИТЕ ПРИМАЊА, БИДЕЈЌИ СЕКОЈДНЕВНО СЕ МАЧАТ КАКО ДА ПРЕЖИВЕАТ. ДОВОЛНО Е САМО ДА СЕ СПОРЕДАТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА, ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ, ЦЕНИТЕ НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ АРТИКЛИ ЗА ДА СЕ ВИДИ ГОЛЕМАТА РАЗЛИКА КОЈА ПАЃА НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ. Како тргнало, ќе биде неопходно максимално стегање на каишот од страна на граѓаните во наредните месеци, бидејќи поскапувањата се случуваат од ден во ден. Најмногу поскапуваат…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на советничката од ВМРО-ДПМНЕ , Кристина Атанасова Арсова

Почитувани сограѓани , чест и задоволство ми е да ви се обратам и поклонам , затоа што свесно , одговорно и достоинствено на овие локални избори го искористивте своето демократско право, право на глас. Право на глас за промени , проекти, победи за нашата Општина. Јас како носител на листата на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата за обнова за Македонија, сакам да ви кажам дека гарантирам за работата , заедно со целата структура на листата која е составена од квалификувани , чесни, доблесни и пред се свесни луѓе за околностите ,…

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Апел за помош на Наташа Стефанова од Кочани

27 годишната Наташа Стефанова од Кочани, мајка на две малолетни деца, има потреба од финансиска помош за да оди во Турција на операција на мозокот, вадење на тумор во мозокот, болест со која се соочува скоро две години. Лекарите од Македонија на два наврати пробале со операција да и го извадат туморот но не успеле во целост поради специфичноста на местото на туморот и сериозноста на последиците. Затоа ја праќаат на трета операција во Истанбул, Турција каде што имаат пософистицирана опрема за такви оперативни зафати.Во меѓувреме туморот во голем процент…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Џабе субвенции без добри цени

ДЕКА МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА САМИ ПО СЕБЕ НЕ ГО РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ СО ОТКУПНАТА ПОЛИТИКА ВО ОРИЗОПРОИЗВОДСТВОТО ПОТВРДУВААТ КОНТРАЕФЕКТИТЕ ПРИ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО ОД ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, КОГА НАСПРОТИ ОПРЕДЕЛЕНИТЕ 5 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ АРПА, ОТКУПУВАЧИТЕ ЈА НАМАЛИЈА ЦЕНАТА ОД 24 НА 18 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ. ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ РЕГИОН МОРА ДА ИЗГРАДАТ СТРАТЕГИЈА ЗАЕДНО СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ СО ОРИЗОТ, ЗАРАДИ ПОГОЛЕМИ ФИНАНСИСКИ ЕФЕКТИ И РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО. Кога мерките на Владата не базираат на одржливи анализи и стратегии, тогаш наместо ефект, даваат контраефект, кој како бумеранг им се…

Прочитај повеќе