ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод“ ја исчисти околината на Спомен – домот АСНОМ

Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за редовно чистење и отстранување на диви депонии на територијата на Општина Кочани според утврдената динамика и план за работа. Бидејќи во последно време во рамките на своите активности, КЈП “Водовод” Кочани секојдевно се соочува со…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Трибина на ОО СПМ: Неспособната и коруптивна власт треба час побрзо да си оди

ДЕЗОРГАНИЗИРАНА И НЕСПОСОБНА, КОРУМПИРАНАТА ЦЕНТРАЛНА ВЛАСТ ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ И ДУИ ТРЕБА ЧАС ПОБРЗО ДА СИ ЗАМИНЕ, РЕЧЕ НА ТРИБИНАТА СО ЧЛЕНСТВОТО НА СПМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЉУПЧО ДИМОВСКИ. ПРЕЗАДОЛЖЕНОСТ, НАМЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ, КОРУПЦИЈА И РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНОТО ТКИВО СЕ ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАБОТЕЊЕТО НА НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ, КОЈА СЕ БОГАТИ ДОДЕКА ГРАЃАНИТЕ ОСИРОМАШУВААТ. Општинската организација на СПМ на 24 март организираше трибина на која покрај членови и симпатизери, присуствуваше и највисокото раководство на партијата, предводено од претседателот Љупчо Димовски и пратеникот во Републичкото Собрание Стојан Миланов. По воведното обраќање до присутните на членот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работилница на УСАИД: Јавно-приватните партнерства се недоволно искористена алатка за воведување извори на финансирање во општините

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов деновиве учествуваше на настанот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите под наслов: Искуства и научени лекции од спроведување на јавно-приватно партнерство во општините во Република Северна Македонија. Учесниците на настанот истакнаа дека јавно-приватното партнерство како алатка за воведување нови извори на финансирање на општините за жал, сѐ уште не е доволно искористена. Поради тоа, акцентот беше ставен на клучните законски одредби, искуства и научени лекции од веќе спроведените јавно-приватни партнерства во земјава и пошироко, како и надминување на најчестите предизвици и пречки.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Волците ги надитрија ловците

Ловното здружение „Бел Камен“ во неделата организираше хајка за одстрел на штетен дивеч, како завршна активност за изминатата ловна сезона. Масовното присуство на ловците опремени според пропишаните правила, создаде карактеристичен ловечки амбиент, исполнет со дружење, шеги и прераскажување на интересни случки. По завршување на хајката, ловците се собраа во Манастирот Пресвета Богородица, над селото Блатец, да ги соопштат резултатите од ловот … -Хајката протече одлично организирано, како што беше планирана, но на овие терени не се појавија волци. Одстрелани се неколку лисици, како помалку атрактивен штетен дивеч. Задоволни сме од…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Со туѓа картичка од банкомат влечел пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ф.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 16.10.2022, пријавениот со дебитна картичка, сопственост на друго лице, од банкомат во Кочани подигнал пари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод„ го исчисти паркингот на Пониква

Со соодветна механизација и работна сила, КЈП “Водовод” Кочани денеска го исчисти просторот на паркингот на територија на туристичкиот центар “Пониква” и околината при што беа собрани и исфрлени повеќе од 20 метри кубни отпад.  На оваа локација во последно време се забележуваше несоодветно одлагање на отпад надвор од предвидениот простор за таа намена. Тука често се одлагаше и опасен отпад, со што дополнително се придонесуваше кон загадување на животната средина. Дополнително, во текот на денешниот ден, комуналните служби на КЈП “Водовод” Кочани целосно ја исчистија и областа околу месноста викана Аеродром пред туристичкиот центар “Пониква”. Во претстојниот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Средба на градоначалниците на Кочани и Брацигово, Папазов и Казакова

Во рамките на активностите од проектот „Дигитално културно наследство“ од Еразмус + програмата, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска оствари средба со делегација од Општина Брацигово, Република Бугарија, предводена од градоначалничката Надежда Казакова. Во проектот „Дигитално културно наследство“ од Еразмус + програмата, покрај ООУ „Никола Карев“ од Кочани, учесници се и основни училишта од Велики Буковец – Хрватска и Пазарџик – Бугарија, како и невладини организации од овие држави. Целта на проектот е да се претстави културното наследство на сите овие држави преку креативноста и иновативноста на учениците и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ ја одбележаа 79-годишнината од смртта на своите патрони

Училиштата коишто ги носат имиња на првоборците и организатори на антифашистичката борба во Кочанско – Љупчо Сантов и Раде Кратовче, денеска ја одбележаа 79-годишнината од нивната смрт. Градоначалникот Љупчо Папазов и делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, роднини на Раде Кратовче и претставници на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ, положија свежо цвеќе на бистите во ОУ „Раде Кратовче“, Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и во Паркот на револуцијата. На свеченостите во училиштата беше прикажа пригодна програма, а беа доделени и награди на ученици кои создале најуспешни ликовни…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна пролетното озеленување на јавните површини во Кочани

Надлежните служби од Општина Кочани денеска ја започнаа пролетната акција за озеленување на јавните површини. Во разделното зеленило на улицата „Тодосија Паунов“, на улиците „Страшо Ербапче“, во паркот во населбата Калиманова Глава и на десетина други локации во градот се насадија 40 садници од јасен, јавор, индиски јоргован и црвена слива. Во рамките на активностите за озеленување на јавните површини е и обновувањето на оштетените односно искршените фидани, кои според податоците на Општина Кочани изнесуваат околу 10 % од вкупните насади од претходната сезона. Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во нива пронајдени човечки коски,облека и обувки

На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во нива на место викано „Кочански дол“, атар на Кочани, биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани. По наредба на Јавен обвинител пронајденото било дадено на вештачење, информираат од полицијата.

Прочитај повеќе