СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ не се спаси

ОТКАКО СЕ ОСТВАРИЈА СИТЕ КАЛКУЛАЦИИ КОЈ ИСПАЃА А КОЈ ОСТАНУВА, В САБОТА, СО ОДИГРУВАЊЕ НА ПОСЛЕДНОТО КОЛО, ЗАВРШИ ПРВЕНСТВОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА. НОВИ ПРВОЛИГАШИ СЕ ВОСКА СПОРТ И ГОСТИВАР, БАРАЖ ЌЕ ИГРА ВАРДАР, А ИСПАЃААТ БОРЕЦ, СЛОГА И ЛОКОМОТИВА. Во саботата заврши првенството во единствената втора лига на Македонија, кое во финишот беше филигрански изрежирано според потребите на највлијателните клубови. Аутсајдери победуваа фаворити, резултати одекнуваа сензационално, а сепак од никаде никакви реакции на незадовоство или задоволство. Во последното коло, како и во неколкуте пред него, тие што требаше…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реализирана акцијата Генералка викенд 2023

Oпштина Кочани се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023.  Во акцијата учествуваа Детската градинка „Павлина Велјанова“, основните и средните училишта, вработени во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани.  Се собираше и селектираше отпад на повеќе локации: во околината на Спомен-домот „АСНОМ“, во Тикешински Лозја, Лукубија, кај спортските терени во СОУ „Љупчо Сантов“ и ОУ „Свети Кирил и Методиј“. Собраниот отпад ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.  За собраниот отпад ќе бидат донирани садници,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот Љупчо Папазов го потпиша договорот за кофинансирање на проектите од ReLOaD 2

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за кофинансирање на проектите во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2). По објавениот повик и резултати од евалуацијата на предлог-проектите од граѓански организации добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD 2, во овој втор повик одобрени проекти за финансирање се: 1.      ЗГ „Среќни луѓе“ – Кочани: „Градче – да блесне езерскиот бисер“ 2.      СЗРЕК „Кочански рибар“ – Кочани: Спортскиот риболов еликсир за младите 3.      Здружение „Еднакви за сите“ – Кочани: Подобро општество за слепите лица во Кочани 4.      Доброволно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пријавување за пензионерските спортски игри

Здружение на пензионери – Кочани и годинава се подготвува за организирање на спортски игри на локално ниво, од кои ќе се изврши селекција за учество на Регионалните и Републичките спортски игри. Заинтересираните пензионери и пензионерки кои сакаат да учествуваат во спортските дисциплини: табла, шах, пикадо, домино, фудбал, кошарка, скок од место, трчање, теглење на јаже и стрелаштво, можат да се пријават во пензионерските клубови во Кочани, Оризари, Зрновци и Чешиново – Облешево. Пријавувањето е најдоцна до 15.05.2023 година.За селекцијата по општини, заинтересираните ќе бидат дополнително известени, се вели во соопштението…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

В петок, 12 мај – Генералка викенд во Кочани

На 12 мај, Oпштина Кочани ќе се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2023. Во акцијата ќе учествуваат основните и средните училишта, дел од вработените во КЈП „Водовод“ и Општина Кочани. Акцијата ќе започне од 10 ч., кога од пред зградата на Општина Кочани учесниците ќе појдат кон соодветните локации: „АСНОМ“, СОУ „Љупчо Сантов“, Тикешински Лозја и Лукубија. Покрај собирање и селектирање отпад, ќе се засадуваат дрвја на урбанизирани места во Кочани.

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

ЗП Кочани домаќин на ревија на песни, музика и игри

Денеска во обновената сала на ЦК „Бели Мугри“ во Здружението на пензионери од Кочани беше домаќин на 21 Регионална ревија на песни, музика и игри, која ја организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. На оваа своевидна смотра на традиционалниот фолклор, која ја удостоија претседателката Станка Трајкова и претставници на СЗПМ,  учествуваа шест здруженија од општините Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница и градот домаќин Кочани. Пред музичките настапи, учесниците продефилираа низ центарот на Кочани, привлекувајќи го вниманието на кочанчани со традиционалните носии, музика и песни. Потоа, во официјалниот…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Нема пари за семе, се сее ланска арпа

СКАПИОТ УВОЗЕН СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРВА ИЛИ ВТОРА РЕПРОДУКЦИЈА, КОЈ ЧИНИ НАД 130 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРИНУДУВА СЕ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ДА СЕАТ МЕРКАНТИЛ, ШТО СЕ ОДРАЗУВА НА КВАЛИТЕТОТ И НА ПРИНОСИТЕ. НИКОЈ ВО РЕГИОНОТ И ВО ДРЖАВАТА НЕ СЕ НИ ОБИДУВА ДА ИЗГРАДИ СТРАТЕГИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ОРИЗОПРОИЗВОДСТВО. Ниту во производствениот регион, ниту во државата некој има стратегија кога е во прашање семенскиот материјал кај оризовата култура и неговата употреба во полињата. А без квалитетно семе нема квалитетен род, зголемени приноси и производство на поголеми количини храна, за што државата се…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Испревртени медиумски вредности

ТОА ШТО „РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“ ВИДЕЛЕ НАПРЕДОК ОД 19 МЕСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ „СЛОБОДНИ“ МЕДИУМИ ОД 2022 ДО 2023 ГОДИНА, НИ ПРИБЛИЖНО НЕ ЈА ОДСЛИКУВА РЕАЛНОСТА, ОСОБЕНО КОГА СЕ ВО ПРАШАЊЕ РЕГИОНАЛНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ. НЕКОЈ НЕУПАТЕН ЌЕ СИ РЕЧЕ ТАМУ ТЕЧЕ МЕД И МЛЕКО ВО МЕДИУМСКАТА СФЕРА, А ОВДЕ НОВИНАРИТЕ СЕ БОРАТ ДА ПРЕЖИВЕАТ. Економски зависното и неслободно новинарство во Македонија му се радува на Светскиот ден на слободата на медиумите во очекување дека државата конечно ќе направи нешто за достоинството и професионализацијата на оваа професија. Без тоа извештајот на…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

На 60-от ДАФ, 6 домашни и 4 странски претстави

Селекторот на 60-то. издание на Драмски Аматерски Фестивал кој ќе се одржи кон крајот на мај, Игор Џамбазов, од вкупно пријавените 16 претстави одбра 10, плус две вон конкуренција. Интернационалната димензија на фестивалот ќе му ја дадат три претстави од Србија и една од Хрватска.                                                           Селектирани за учество се следните претстави и театарски групи: „НОЌ ВО МУЗЕЈОТ“ на ЦК ИВАН МАЗОВ-КЛИМЕ од КАВАДАРЦИ, „ТУНЕЛ“ на ТЕАТАРСКАТА ГРУПА „ГОДО- ТУНЕЛ“ од КОЧАНИ, „ДРАГИ УМЕТНИЦИ“ на ТЕАТАРОТ „ЧЕКОРИ“ од СКОПЈЕ, „ТЕНЏЕРОСАУРУС“ на театарската група ТИНТИРИ МИНТИРИ“ од СКОПЈЕ, „ЧУДАТА…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Претседателот 166.000, работникот 20.000, пензионерот 12.000 …

Делува како држава на испревртени вредности Македонија, кога ќе се земат во обѕир платите на разноразни чиновници, наспроти обичните стручњаци и работници, или наспроти пензиите, нивните зголемувања и несразмерни соодноси. Како кој како се снашол. без критериуми и реалност. Ако Талат Џафери или Стево Пендаровски за еден месец земаат плата од 166, или 166 илјади денари, за која еден наставник или професор мора да работи пет месеци, а работниците 7 или 8 месеци, и ако зад нив се уште над 1000 преплатени службеници, тогаш јасно е до каде е дојдена…

Прочитај повеќе