СПОРТ 

„Осогово“ зависи од „Плачковица“, „Слога 1934“ го сака 4-то место

ОТКАКО ОСОГОВО СЕ ДОВЕДЕ ВО СИТУАЦИЈА ДА ГО РЕШАВА ПЛАСМАНОТ НА ТАБЕЛАТА ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО, ФУДБАЛСКАТА ЈАВНОСТ СО ПОСЕБЕН ИНТЕРЕС ГО ОЧЕКУВА ДУЕЛОТ ПРОТИВ ПЛАЧКОВИЦА, КОЈ Е ОДЛУЧУВАЧКИ ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ШЕСТИ ИЛИ СЕДМИ НА КРАЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО. „СЛОГА 1934“ ГО ПОСАКУВА ЧЕТВРТОТО МЕСТО, ШТО БИ БИЛО ОСТВАРУВАЊЕ НАД ОЧЕКУВАЊАТА. Што ќе донесе дуелот помеѓу Плачковица и Осогово во Радовиш, е прашање кое си го поставува фудбалската јавност, пред се во Кочани и Прилеп, а веројатно и пошироко. Радовишани, предводени од кочанскиот тренер Крсте Крстев, веројатно имаат причини да одиграат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се состанаа организаторите на протестот во Драчевик и одговорните

По вчерашниот мирен протест против нарушувањата на јавниот ред и мир во населбата Драчевик – кај социјалните станбени згради, градоначалникот на Општина Кочани и претставници на институции со наделжност за решавање на актуелната состојба, денеска одржаа состанок со организаторите на протестот – Не сме против изградба на новата социјална станбена зграда, туку за времено запирање на градењето, со што испраќаме повик за решавање на настанатите проблеми од станари во втората зграда во населбата Драчевик. Подолго време се соочуваме со девијантни однесувања на дел од станарите кои често го нарушуваат јавниот…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Хаотична сеидба на оризот во облешевско

ГЛАВНА ТЕМА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО ДЕНОВИВЕ Е СЕИДБАТА НА ОРИЗОТ КОЈА СЕ ОДВИВА ДЕЗОРГАНИЗИРАНО И СО МНГУ ПРОБЛЕМИ И ДОДАТНИ ТРОШОЦИ. ПОЛЕТО Е ШАРЕНО КАКО НИКОГАШ ПОРАНО, БИДЕЈЌИ ВОДА ПУШТА КОЈ КАКО ЌЕ СТИГНЕ, А ВОДАРИ НЕМА ДОВОЛНО ЗА ДА ГО РЕГУЛИРААТ НАВОДНУВАЊЕТО. ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ САМИ ЗАФАЌААТ БЕНТОВИ, САМИ ЗАТРУПУВААТ ВАДИ И НА КРАЈ МОЖЕБИ ЌЕ СЕ ИСПОТЕПААТ, БИДЕЈЌИ ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОСТОПАНСТВО БРЕГАЛНИЦА НИКАДЕ ГО НЕМА. ВО ОПШТИНАТА ВЕЛАТ СО ТРАКТОР И ЛАСЕР РАМНИ НИВИ И ЗАРАБОТУВА. Станува ли сеидбата на оризот кошмар за земјоделците од општина Чешиново-Облешево, поради…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кружни текови – каде што треба, или каде што може !?

Со каква интенција е градењето на кружни текови по Булеварот Тодосија Паунов, на неговиот творец покојниот Тодосија Паунов ? Посебно од аспект на дилемата меѓу граѓаните – дали се градат каде што е потребно, или каде што има колку-толку место, односно, каде што може. Ако интенцијата е да се возиме, поточно да се вртиме во круг, тогаш ништо ново, бидејќи ние и без тоа со години се вртиме во круг без да го фатиме вистинскиот правец и да ја намериме вистинската цел. По логиката на кружните текови кај Автобуската станица…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Слобода на медиумите на кочански начин

Новинарите во Општина Кочани, но и во државата, и оваа година ниту направија нешто, ниту му се израдуваа на 3. Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, бидејќи во реалноста ги живеат најтешките години од социјален и секаков друг аспект на функционирањето на професијата. Слободата всушност е разнебитена бидејќи системот функционира под мотото „пишувајте што сакате, нас тоа не не засега“, а тоа е полошо дури и од неслободата. Еден вид совршена манипулација со независното и слободното новинарство. Во тој контекст, негативниот пример и искуство од Кочани, поради многу…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Драчевичани го кренаа гласот против толерирањето на насилството, кражбите и дивеењето со возила

Жителите од населбата Драчевик денеска го одржаа најавениот мирен протест со цел да ги алармираат институциите и локалната власт за проблемите со кои се соочуваат откако е вселена ламела 2 од блокот социјални згради. Директен повод за нивната реакција е почетокот на изградбата на третата ламела, која на драчевичани ќе им донесе нови соседи, а тие стравуваат дека меѓу нив повторно ќе има проблематични поединци, кои додатно ќе им го нарушат мирот и ќе предизвикаат други проблеми. Подготвени се да ја блокираат изградбата на зградата, се додека не добијат гаранции…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Граѓаните заглавуваат во долгови, банките билдаат профити

Додека банките бележат раст на профитот и бројат милионски добивки, граѓаните се повеќе се задолжуваат пред се по основ на кредити. Но тоа е очекуван епилог на нелогичното дистанцирање на финансиските институции од Ковид 19 кризата во државата. Замрзнувањето на ратите за отплата на кредитите на шест месеци, но без замрзнување на каматите, практично им донесе пресметата добивка на банките, бидејќи практично пола година им ја продадоа на сите кредитокорисници, како да потпишале по уште еден договор за кредит за тој период. Тоа значи шесте или повеќе месеци раат од…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во „вмровска“, или „комуњарска“ црква ќе се крстат верниците ?

НА КОЈА ОД ДВЕТЕ ЦРКВИ ИЗГРАДЕНИ ДО КАРАБИНА, ЕДНАТА НА ИСТОЧНИОТ, А ДРУГАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ, ПОПРВО ЌЕ СЕ КРСТАТ ВЕРНИЦИТЕ, ЗАВИСИ И ОД ТОА КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ ИЗБОРИ. КАРАБИНАТА ВО ДРАЧЕВИК ИЗГРАДЕНА ВО ВРЕМЕ НА ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ, ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАБОРАВЕНА И ОБРАСНАТА ВО ТРЕВИ И ТРЊЕ. ВО МЕЃУВРЕМЕ, НАДПАРТИСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЈА ГРАДИ ЦРКВАТА ВО УСОВА ЧЕШМА ЧИИ ТЕМЕЛИ СЕ УДРЕНИ ПРЕД ДВЕ ДЕЦЕНИИ. ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИ ВЕРСКИТЕ ОБЈЕКТИ И ПОЛИТИЧКИ ИМИЊА „ВМРОВСКА“ И „КОМУЊАРСКА“ ? Во која црква попрво ќе се крстат и молат…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Земјоделци од Мојанци се жалат на наводнувањето

Проблеми за земјоделците на почетокот на наводнителната сезона и сеидбата на оризот во атарот на селата Мојанци и Горни и Долни Подлог,, кои се жалат на неисчистени земјени и други канали, како и на необезбедувањето материјали од Водостопанство Брегалница за поставување таканаречени буки за зафаќање и премостување на водата но нивите. Таквата ситуација ги забавува полнењето на нивите со вода и самата сеидба, што предизвикува нервоза кај производителите, кои брзаат да ги фатат оптималните рокови. Тие истакнуваат дека за цело поле бил ангажиран само еден водар и тоа неосигурен, кој…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Кој е одговорен што ДАФ две години е без поддршка од Министерството за култура ?

Нелогични, па дури и чудни работи во последните година-две се случуваат околу Драмскиот аматерски фестивал, кои делуваат збунувачки за јавнста, но и за советниците во Советот на општината и за првите луѓе во градот. Според објаснувањето на актуелниот извршен директор Дарко Спасов, за организацијата и одржувањето на ланскиот ДАФ во вонредниот термин во октомври 2020 година, од Министерството за култура не се добиени очекуваните средства, затоа што биле побарани по одржувањето на истиот. Одтука, сами по себе се наметнуваат неколку логични прашања. Прво, дали организаторите на ДАФ, останале должни поради…

Прочитај повеќе