СПОРТ 

„Осогово“ го „преплива“ „Дојранско езеро“

МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ОСОГОВО, ПРЕДВОДЕНИ ОД ФЕНОМЕНАЛНИОТ ТОШЕ МАНОВ, ОСВОИЈА ТРИ БОДА ВО ДОЈРАН И ЈА ЗАЧУВАА БОДОВНАТА ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТОТ ОВЧЕ ПОЛЕ, ВО БОРБАТА ЗА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА. НА СРЕДБАТА АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО – РУДАР ПОСТИГНАТИ 10 ГОЛА, А РЕЗУЛТАТОТ 6:4 ЗА ДОМАЌИНОТ. Минимално, со 2 : 1, но сосема заслужено Осогово го победи Дојранско езеро во Дојран, за да ја задржи бодовната предност пред конкурентите за првата позиција и да потврди дека во оваа полетна екипа, предводена од голгетерот Тоше Манов, има материјал за поголеми фудбалски достигнувања. Осогово во Дојран…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Од утре – ПРОЛЕТ

Вечерваво 22:24 часотќезапочнепролетта и ќетраедо 21 јуни, односно 92 дена 17 часа и 33 минути. ЗамногуминанајубавотогодишновременастапувакогаСонцетовонеговотопривидногодишнодвижењеќего „пресече“ екваторот и ќеминенасевер. Наденешенден, Сонцетоизгреванаистокво 5:42 часот, а заоѓаназападво 17:50 часот.Денешниотденсенарекува и пролетнарамноденица, бидејќиденот и ноќтатраатпо 12 часа.Севернатаземјинахемисфераденескавлегувавопролет, а војужнатаќепочнеесен. Што се однесува до временската прогноза за утре, се очекува Претежнооблачносоповремениврнежиоддожд, особенопопладне и вовечернитечасови, коганаместаќебидатпообилни. Ќедуваслабдоумеренветеродпроменливправец.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Стипендии за спортистка и спортист

Општина Кочани доделува 2 (две) стипендии на спортисти – спортска надеж на Општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2022-та година. Стипендијата-спортска надеж на општина Кочани се доделува на една спортистка и еден спортист. Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно. Стипендијата се доделува за време од 10 (десет) месеци, во текот на 2023 година.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Мартовската плата според зголемениот минимум

Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија,  работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од  29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март. Согласно Законот за работните односи  платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година. Износот на минималната плата согласно критериумите од методологијата донесена изминатата година,…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Извезуваме стручни, увезуваме нестручни работници

ДОДЕКА РАЗВИЕНИТЕ СЕ ВО ТРКА ПО ВИСОКОКВАЛИФИКУВАНА И КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛА, НАШАТА ЗЕМЈА ЌЕ УВЕЗУВА НЕКВАЛИФИКУВАНИ РАБОТНИЦИ И НА ТОЈ НАЧИН ЌЕ ГО СПРЕЧУВА ИСЕЛУВАЊЕТО. ПЛАНОТ Е СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЈАВНИОТ ДА СЕ ПРЕФРЛАТ ВО ФИРМИТЕ Тоа што владините министри најавуваат дека сме доведени во ситуација да увезуваме работна сила, иако не во секој сектор, туку онаму каде има потреба, не е ништо друго туку признание за промашувањата во услови на пазарна економија. Не е јасно како увезениот работник ќе ја чини државата помалку од…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Акумулациите полупразни, доаѓаат рестрикции

Неповолната хидролошка состојба во првите два ипол месеци од годинава, најверојатно ќе ја остават полупразна акумулацијата Калиманци, а тоа значи дека одговорните во Водостопанство „Брегалница“ ќе мора да применат рестирктивни мерки во поглед на сеидбената структура и површините кои ќе се наводнуваат во претстојната производствена сезона. Резервите вода во најголемото вештачко езеро на истокот се движат над 70.милиони кубици, што е само за десетина милиони повеќе од половина од вкупниот капацитет од 120.милиони. Со актуелниот доток од Брегалница и другите реки, кој се движи околу 5до 6 кубни метри во…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж од Кочани на социјалните мрежи објавил видео од 33 годишна жена со компромитирачка содржина

На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина. Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод“ – Извршени подготовки за замена на потопна пумпа во Грдовски Орман

Почитувани, Во текот на претходната седмица стручните екипи на КЈП “Водовод” Кочани утврдија технички проблем поради откажување на електромотор на една од потопните пумпи во бунарско лежиште “Грдовски Орман”. За време на викендот беа направени подготвителни работи, за денес да отпочне процесот на вадење на песок и друг поситен материјал од влезната комора на ПЦОВ со две специјализирани возила за разбивање на наслагите и вшмукување на истиот материјал.  Откако ќе заврши целосното вадење на отпадниот материјал во системот кој се појавува поради мешање во одредени делови во канализациониот систем на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Апел за финансиска поддршка во збогатување на културно – уметничката програма по повод Велигденските празнувања

Општина  Кочани упатува апел до сите заинтересирани фирми да се вклучат финансиски во збогатување на културно-уметничката програма по повод велигденските празнувања под мотото „Сподели радост. Оваа година Општина Кочани за прв пат во соработка со бизнис секторот овозможува поинакво одбележување на претстојните Велигденски празнувања под мотото „Сподели радост“. Одбележувањето ќе се случи во Градскиот парк Кочани во периодот од 07-18 април 2023 година. „Пролет бар“ го доби приматот оваа година да биде носител на активностите. Во склоп на одбележувањето ќе бидат поставени продажни штандови (куќарки) со различни понуди и големо…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

10 фудбалски „Адидас“-ки за училишта во Оризари и Кочани

ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СТЕКНУВАЊЕТО ЗДРАВИ НАВИКИ КАЈ МЛАДИТЕ, ЗГ „СРЕЌНИ ЛУЃЕ“ ГИ ДОНИРАШЕ ФУДБАЛСКИТЕ ТОПКИ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА. ДЕЦАТА ПОКРАЈ ФУДБАЛСКИ ТОПКИ ДОБИЈА БРОШУРИ ОД ПРОЕКТОТ, А ИМ БЕА ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ НА УЧЕСНИЦИТЕ КОИ НЕ БЕА ПРИСУТНИ НА ЗАВРШНИОТ НАСТАН. По успешно завршениот проект „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари, имплементиран од страна на ЗГ „Среќни Луѓе“, во кој беа опфатени над 35 девојчиња и момчиња на возраст од 7 до 12 години, денеска претставник на проектниот тим, им ги донираше шесте топки на учениците од…

Прочитај повеќе