ОПШТИНА КОЧАНИ 

Штедливо со водата за да нема рестрикции

Поради  зголемените дневни температури и енормната потрошувачка на водата за пиење, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ упатува апел за рационално користење на овој ресурс. Службите повикуваат водата да се користи за лични потреби, а не и за полевање градини. Нерационалното трошење на водата за пиење ќе биде причина за воведување рестриктивни мерки. КЈП „Водовод“ им благодари на разбирањето и поддршката на корисниците на водата од градскиот водовод.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

И пчелите ќе плаќаат данок

Предлог законот за пасишта во членот 23, предвидува пчеларите да плаќаат за напасување пчели на државни пасишта. Таквата законска регулатива предизвика бура од реакции во јавноста, која на социјалните мрежи дури запраша дали можеби полицијата ќе апси пчели по ливадите. Инаку, напасувањето на пчели се плаќа и сега, само што тоа не е уредено во закон, туку во подзаконски акт. Во предлогот законот стои дека земјоделските стопанства кои спроведуваат колективно напасување „плаќаат колективна пашарина во висина од 0,3% од просечна нето плата исплатена за минатата година во Република Северна Македонија…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Изборите за градоначалници и советници најверојатно на 17 октомври

На крајот на јули или на почетокот на август ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври, најави претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери. Тој претпостави дека точниот датум би можел да биде на 17 октомври, иако тоа би значело мало преклопување на предизборната кампања со пописот, чиј финиш е заклучно со 30 септември.   Иако до стартот на изборната кампа има речиси четири месеци, партиските штабови веќе го активираа членството и активистите, кои се подготвуваат за работа на терен и „обработка“…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

„Коле транс“ ќе ја гради „Стево Теодосиевски“

Изведувачот на работите, избраната фирма по спроведена тендерска постапка, „Коле транс“ од Штип денеска беше воведена во работите за изградба на втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. Тоа значи дека наскоро ќе почнат работите за изградба на левиот коловоз. Прво ќе се работи на изградба на потпорните ѕидови кај Спортската сала, во должина од 140 м. Новата лента ќе биде долга 500 метри, а градежните работи ќе се одвиваат од Двојниот мост до Туристичката агенција „Вел-јан“ На уредувањето на овој дел од централното градско подрачје се работи три и…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Нелегално потрошиле над 5.000.000 денари

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) и Д.Н.(47), двајцата жители на овој град, поради сомнение за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. Првопријавениот 63-годишник, како советник во објект во Кочани во Одделението за административни и заеднички работи при МВР и второпријавениот 47-годишник како виш референт во објектот, искористувајќи ја својата службена положба ги пречекориле границите на своето овластување на тој начин што во периодот од 2019 до 2021, постапувајќи противзаконски, без спроведена постапка за јавна набавка и без да склучат договор, во 409 наврати извршиле…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 25 и 26 јуни – прскање против комарци во Кочанско

На 25 и 26 јуни (петок и сабота) во раните утрински часови, на подрачјето на Кочани, стручна екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани ќе го спроведе второто превентивно терестичко, односно прскање од земјаза заштита од комарци. В петок, на 25 јуни, од 5 до 8 часот  наутро, екипана Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ ќе ја спроведепрвата фаза од авиотретирањето против комарци. Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани. За третманите против комарците ќе се…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Пролетта променлива, какво ќе биде летото?

ПО ПРОМЕНЛИВАТА ОД ТЕМПЕРАТУРЕН АСПЕКТ, ПРОЛЕТ, ДЕНЕСКА РАНО ИЗУТРИНА ЗАПОЧНА ЛЕТОТО НА СЕВЕРНАТА ХЕМИСФЕРА. ДЕНЕШНИОТ ДЕН Е НАЈДОЛГ ВО ГОДИНАТА И ТРАЕ 16 ЧАСА И 28 МИНУТИ. ИСТОВРЕМЕНО НА ЈУЖНАТА ХЕМИСФЕРА ЗАПОЧНА ЗИМАТА. Утрово, во 5 часот и 32 минути, на северната хемисфера на земјината топка, започна летото. На денот на почетокот на летото ноќта е најкратка, а денот е најдолг и ќе трае 16 часа и 28 минути. Овогодишното лето завршува на 21. Септември, кога се случува втората рамноденица во годината. Метеоролозите најавуваат „шарено“ лето, со екстремно високи температури,…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

На 19.06.2021 во 18.35 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(40) од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот. По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците С.А.(19) и С.А.(19), и двајцата од Кочани биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочани наградено за зачувување на природата

Европскиот зелен појас (European Green Belt)  ја награди општина Кочани за нејзините напори во зачувување на природата. На утрешното доделување на наградата ќе се обратат Габриел Швадерер, претседателот на Европскиот зелен појас и Германската амбасадорка, Анке Холстеин.   Општина Кочани годинава ќе го добие престижното признание од Европскиот зелен појас, за најголем придонес во зачувувањето на природата, настан кој на 17 јуни ќе се одржи во Инфо центарот на Пониква. Наградата ќе ја прими градоначалникот Николчо Илијев, а на церемонијата на доделувањето пред присутните ќе се обратат Габриел Швадерер, претседателот…

Прочитај повеќе
Екологија 

Поддршка од ДОМ за референдум за Мала Река

ЗЕЛЕНАТА ПАРТИЈА ДОМ БАРА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ДА ГО СТАВИ НА ГЛАСАЊЕ ПРЕДЛОГОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ГРИН.ОРГ“ ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА МИНИХИДРОЦЕНТРАЛА НА МАЛА РЕКА, ЗА СОВЕТНИЦИТЕ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ПО БАРАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ. СО НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА МАЛА РЕКА СЕ ПРОИЗНЕЛА И АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НА РСМ. Силна поддршка доби здружението на граѓани „Грин.орг“ од Кочаним од Зелената партија ДОМ, која и се придружува на граѓанската иницијатива во Кочани за распишување на референдум за изјаснување на граѓаните на Кочани за изградба на мала хидроелектрана на…

Прочитај повеќе