ПОЛИТИКА 

„Војна“ во штабовите за место на советничките листи

Коалициите, партиите и независните ги објавија листите за советници за претстојните локални избори во Општина Кочани. Граѓаните, главно на социјалните мрежи, бидејќи ниту еден учесник не најде за потребно на прес конференција, пред новинарите, официјално да ги соопшти кандидатите,  ги дознаа имињата на тие од добитните места и по автоматизам започнаа коментарите. Главно негативни, во стилот: е од каде тие, кај ги најдоа, што направиле за партијата, дојдоа од другата опција … Од штабовите молк. Како нештата да се случуваат некаде далеку од нив. А внатре врие како во волчешка…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Слога 1934“ – 100%, за „Осогово“ само бод

Слога 1934 е вистински фудбалски хит на стартот од новата фудбалска сезона во втората лига Исток. Виничани играат маестрално, но пред се мудро и рационално, при што противниците ги изненадуваат тогаш кога најмалку очекуваат. Денеска Слога успеа да ги освои трите бода против силната Победа од Прилеп, во дербито на колото, со гол во последните моменти од средбата. Конечниот резултат 2:1 за голем триумф на виничани. Во Кочани, Осогово одигра само 2:2 против фенерџијата на табелата Тим Локомотива, и прокоцка уште два бода, кои како да беа предвреме пресметани во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Избрани изведувачите за реконструкција на улиците „Раде Кратовче“ и „Гошо Викентиев“

Единицата за имплементација на проекти од Светска банка при Министерството за транспорт и врски соопшти дека наскоро ќе почнат градежните работи за реконструкција на улиците „Раде Кратовче“ и „Гошо Викентиев“. Во известувањето од Министерството за транспорт и врскистои дека е завршена постапката за избор на изведувачи.  Градежните работи ќе ги изведувааткомпаниите ЈВ Ескаватори-МК и Битем од Скопје, а надзорот ќе го врши ГЕИНГ Кребс и Киефер Интернешнал. Реконструкцијата ќе се изведува на 786 м, од кои 543 м се на улицата „Раде Кратовче“. Двете кочански улици влегуваат во 35-те локални…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се гради опточниот тунел за браната Речани

Градежната оператива го реализира хидројазолот на браната Речани, а во завршна фаза е пробивањето на тунелот со низводен зафат. При увидот во работите од страна на градоначалникот Николчо Илијев, одговорните служби информираа дека тоа ќе биде опточен тунел од каде ќе се регулира испуштањето на водата. – Тунелот е со отвор од 5 м, должината е околу 440 м во карпа, тоа се најстари карпи што постојат, метаморфните мекашисти, наместа тврди, но наместа меки. Ова е хидротехнички тунел кој ќе служи за испуштање вода која во даден момент ќе му…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Јавна благодарност од жители на Ул.„Царка Ѓорѓиева“ до градоначалникот

Жители на Оризари изразуваат јавна благодарност за градењето на улицата „Царка Горгиева. Ние, група граѓани, жители на Оризари, со живеалиште на улицата  “Царка Горгиева” изразуваме јавна благодарност до градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев што ни овозможи по неколку децении да имаме асфалт покрај нашите куки. Ние сме среќни што вчера заврши асвалтирањето на нашата улица која се наоѓа во населбата Селиште. За тие кои не знаат, тоа е на височина која ни овозможува убав поглед кон населбата и градот, а веднаш до нас е природна средина која ни дава…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Големите сеуште не ги објавиле советничките листи

Дали во прашање се некакви тактизирања до последен момент, или пак технички проблеми со кандидатите, главно двете водечки партии и коалиции, кои ги доставиле советничките листи до Општинската изборна комисија во предвидениот рок, сеуште официјално не ги објавуваат имињата на оние кои ги добиле добитните позиции. Нема објави ниту на социјалните мрежи, иако роковите незапирливо течат. Според изборниот роковник ОИК, откако ќе ги разгледа и прифати кандидатурите, должна е најдоцна до 18 септември да ги достави до ДИК. А ДИК има рок до 23 септември да го изврши жребувањето на…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Тројца кандидати во Ч-О, а само една фотеља

ЗА РАЗЛИКА ОД КОЧАНИ, ВИНИЦА И ЗРНОВЦИ, КАДЕ ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКИТЕ ФОТЕЉИ ЌЕ СЕ ВОДИ ПОМЕЃУ ДВА КАНДИДАТА, ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО ЗА ПРЕСТИЖНАТА ФУНКЦИЈА ПРЕТЕНДИРААТ ТРОЈЦА. СПОРЕД ИСКУСТВАТА ОД ПРЕТХОДНИ ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ, МНОГУ ВЕРОЈАТНО Е ДЕКА ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ ГЛАСАЊЕ, А ПРАШАЊЕТО Е КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ ВО НЕГО Изборната трка за градоначалничката фотеља во општина Чешиново-Облешево, каде во игра се тројца кандидати, се очекува да биде најинтересна и најнеизвесна. Гласачите од оваа општина на 17 октомври ќе избираат помеѓу актуелниот градоначалник Горанчо Крстев од СДСМ, Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Лебот од задутре поскапува за три денари

ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ТРОШОЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО, ПЕКАРИТЕ ОД 16 СЕПТЕМВРИ ЌЕ ГО ПОСКАПАТ ЛЕБОТ ОД СЕГАШНИТЕ 25 НА 28 ДЕНАРИ ЗА ВЕКНА. СПОРЕД НИВ И ОВАА ЦЕНА НЕ ГИ ПОКРИВА ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ, ПА ЗАТОА УШТЕ СЕГА СЕ НАЈАВУВА МОЖНО ВТОРО ПОСКАПУВАЊЕ НА КРАЈОТ ОД ОВАА ИЛИ НА ПОЧЕТОКОТ НА НАРЕДНАТА ГОДИНА Иако неофицијално беше најавено дека лебот ќе се качи од 25 на 30 денари, а бајатиот од 10 на 15 денари за векна, сепак пекарите се договориле зголемувањето да биде три денари, но оставаат можност за втор пораст на цената…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Ноќеска по полноќ почувствуван земјотрес во Кочанско – Виничкиот регион

Ноќеска, пола час по полноќ, жителите на Виница, Кочани и околината кои биле будни, можеа да го почувствуваат слабиот земјотрес, кој ја стресе земјата. Епицентарот на земјотресот бил во рамките на епицентралното подрачје Делчево-Берово, во реонот на Општина Виница, а неговата јачина изнесувала 2,4 степени по Рихтер. Тоа значи дека бил со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дел од жителите кои во тоа време биле будни, го почувствувале тресењето, поради што некои имале и непреспиена ноќ. Велат дека…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Концесионерот „Текстил“ се откажал од двете ловишта во Општина Кочани ?

Сепак концесионерот „Текстил“ од Скопје ја заврши својата ловостопанска авантура во Кочани. Имено, поради противзаконски дејствија во работењето и сослушани поголем број сведоци, ловци, членови на Здружението, врз основа на што е поднесена кривична пријава, сопственикот се повлекол, односно откажал од организирање на ловната сезона. Тоа значи дека за претстојната сезона во двете ловишта кои се простираат во полскиот и во ридско планинскиот дел нема да се издаваат дозволи и нема да се лови. Засега е нејасно кој ќе се грижи за дивечот во ловиштата, бидејќи логично е дека нема…

Прочитај повеќе