ПОЛИТИКА 

Во Кочани вечерва не се слави

Кочани остана без победник во првиот изборен круг, што значи и без прослава на членовите и симпатизерите на едниот или другиот политички блок. Неофицијалните резултати се мошне изедначени, а со оглед на бројот на неважечки ливчиња кој надминува 1000, неизбежен е втор круг за четиринаесет дена, односно на 31 октомври. Од околу 80 % преброени ливчиња, кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ  Николчо Илијев има освоено нешто повеќе од 8000 гласа. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Љупчо Папазов од овој процент преброени гласови има освоено околу 7400 гласа, или приближно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Започна гласањето за Локалните избори, во Кочани навреме отворени сите избирачки места

Навреме започна гласањето за Локалните избори 2021 во Кочани. Од ОИК информираат дека сите избирачки места се отворени точно во 07 часот и истото се одвива без проблеми, освен мали проблеми со употребата на биометриската идентификација која на овие избори се употребува за прв пат. Денеска се гласа на 63 избирачки места, односно на 60 локации во градот и населените места, под посебни здравствени протоколи за заштита од Ковид-19. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а до 09 часот бројот на излезеност е 3,41 процент. Граѓаните на Кочани…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Осогово сензационален во Струмица, Слога сигурна во Пехчево

Осогово приреди мала сензација во Струмица, каде како и во подготовките, ја победи Беласица со 2;0. Струмичани пак, кои беа едни од главните кандидати за враќање во Првата лига, очигледно немат да се носи со другите второлигаши.   Слога 1934 не се шегува оваа есен, бидејќи на теренот не респектира ниту една екипа, туку игра своја игра и постигнува резултати далеку над очекувањата. Можеби не толку со допадлива игра, колку со мудра тактика и искуство базирано на неверојатниот Иван Митров – Гатузо. Денеска токму Иван Митров и Бојан Иванов кои…

Прочитај повеќе
Екологија 

Вечерва Кочани е најзагаден град

Енормна загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ2,5 честички вечерва покажуваат мерните инструменти на апликацијата Квалитет на воздухот во Македонија, на Министерството за животна средина. На мапата Кочани е обоено со темна боја, која значи висока загаденост, а бројките се загрижувачки, бидејќи достигнуваат над 970 мг/м3. За споредба во вообичаено најзагадените градови, како Скопје, Тетово и други, бројките кои го покажуваат присуството на ПМ честички во воздухот е драстично помал, дури неколку десетици пати пати помалку. Прашањето е од каде доаѓа алармантната загаденост на воздухот. Првиот сомнеж е во оџаците,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Мали искричења и сиромашна понуда

ПРЕОСТАНУВААТ УШТЕ СРЕДА, ЧЕТВРТОК И ПЕТОК, ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ИЗБОРНАТА ТРКА ДА ГИ ПОНУДАТ ЗАВРШНИТЕ ПОРАКИ И ВЕТУВАЊА ДО ГРАЃАНИТЕ, ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ КОИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ В НЕДЕЛА, НА 17 ОКТОМВРИ. СО ПОВРЕМЕНИ МАЛИ ИСКРИЧЕЊА, ДО СЕГА СЕ ВОДЕШЕ РЕТКО МИРНА КАМПАЊА, ВО КОЈА КАНДИДАТИТЕ НУДЕА ПРОЕКТИ. ПРЕОСТАНУВА УШТЕ ПО НЕКОЈ ТЕЛЕВИЗИСКИ ДУЕЛ, ЗА ПОТОА ДА СЕ ЧЕКА ГЛАСАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ И РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НЕГО. Уште три дена на располагање имаат учесниците во Локалните избори за градоначалници и за советници во општините. Помалку или повеќе сите финишираат во трката…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

По протестот – договорена средба со министерот Хоџа

ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД РЕГИОНОТ ДЕНЕСКА ГО БЛОКИРАШЕ ПАТОТ КОЧАНИ-ШТИП ВО ОБЛЕШЕВО, КАКО УШТЕ ЕДЕН ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ СО ЦЕЛ ВЛАДАТА ДА ИМ ГИ ИСПОЛНИ БАРАЊАТА. ПОРАДИ ДВОЧАСОВНАТА БЛОКАДА НА ЕДНАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВАШЕ ПО СПОРЕДЕН ПАТ, ПРЕКУ БАЊЕ И СОКОЛАРЦИ. Земјоделците денеска со земјоделска механизација, повторно ја блокираа едната лента од магистралниот пат Кочани-Штип, во Облешево, во знак на протест против нецелосното исполнување на нивните барања доставени до Владата и до ресорното министерство. Откупот, според нив, не функционира, а цените се понижувачки и се далеку од ветените…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК на ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 11 октомври

Денес на Споменикот на Слободата, широка делегација на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани, на чело со кандидатот за градоначалник на општина Кочани, Љупчо Папазов, положија свежо цвеќе.Секој ден е нова борба за Македонецот!11 Октомври е врежан во колективната меморија на Македонците како ден на слободната мисла и национална кауза.Нашиот долг е кон оние што се избориле за нашата денешна слобода, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Политичарите ветуваат рај, реалноста сиромаштија

ВО ЧУДНИ И НЕЛОГИЧНИ УСЛОВИ СЕ ОДВИВА ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ЗА ЛОКАНИТЕ ИЗБОРИ, БИДЕЈЌИ ДОДЕКА КАНДИДАТИТЕ ВЕТУВААТ ПРОЕКТИ И ЧЕТИРИГОДИШЕН РАЈ, ВО РЕАЛНОСТА ЕКОНОМСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ НАЈАВУВААТ ЕНОРМНИ ПОСКАПУВАЊА НА ХРАНАТА, ЕНЕРГЕНСИТЕ, ШТО ЌЕ ФРЛИ ВО СИРОМАШТИЈА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НАСЕЛЕНИЕТО. ЦЕНТРАЛИЗИРАНО РЕЖИРАН ХАОС ВО МЕДИУМСКИТЕ КАМПАЊИ, КАДЕ ЛЕТААТ МИЛИОНИ ЗА НЕЕФЕКТИВНИ РЕКЛАМИ ЗА ПОЕДИНИ ГОЛЕМИ, НАСПРОТИ ЗАБОРАВЕНИТЕ МАЛИ ОПШТИНИ. Предизборната кампања на учесниците на локалните избори не им донесе никакво освежување или надеж на граѓаните за позначајно подобрување на состојбите во општините. Најавената позитивна реторика е со крајно ограничени ефекти, бидејќи…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Дождот ја расипа жетвата на оризот

Тридневните врнежи од дожд целосно ја блокираа жетвата на оризовата ултура, која во производствениот регион годинава е застапена на околу 4.300 хектари. Големите количини влага во почвата нема да дозволат подолг период комбајните да влезат во нивите и да останат надвор од полињата. Во меѓувреме на земјоделците им преостанува да ги проценуваат штетите од полните со вода ниви. Особено таму каде поради полегнување влагата може целосно да ги уништи класјето, односно зрното Сепак дождот есенва не им е единствената грижа на оризопроизводителите, бидејќи со неколкунеделните преговори со Владата и предупредувачките…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Советничка листа на СДСМ: Најавена е изградба на нова спортска сала во Кочани!

Почитувани сограѓани,Инвестициите во спортот се наш приоритет и во следниот мандат. Општина Кочани има спортска сала што е повеќе наменета за училиштен спорт. Со изградба на нова спортска сала ќе се овозможи развој на повеќе спортови, како кошарка, ракомет, одбојка, а секако овде ќе најдат свое место и традиционалните спортови како гимнастка и борење. Новата сала е предвидена да биде со капацитет за 3000 гледачи.Исто така, за време на викенд, спортските сали ќе бидат отворени во подоцните часови, со присуство на професор по физичко образование, а целта е да се…

Прочитај повеќе