РЕГИОН 

18 градоначалници не се договориле за директор

46 МИЛИОНИ ЕВРА ГРАНТ ОД ЕУ 12 ГОДИНИ ЧЕКААТ, И УШТЕ 3-4 ЌЕ ПОЧЕКААТ, ДА ЗАПОЧНЕ НИВНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА КАЈ МЕЧКУЕВЦИ. ПРОЦЕСОТ БЛОКИРАН ПОРАДИ ОТИМАЊАТА МЕЃУ ОПШТИНИТЕ ОД КОЈА ДА БИДЕ ДИРЕКТОРОТ, ПА ЖЕШКИОТ КОСТЕН ЌЕ ИМ БИДЕ ПРЕФРЛЕН ВО РАЦЕТЕ НА НОВОИЗБРАНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА 18-ТЕ ОПШТИНИ ВО ИСТОЧНИОТ И СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН Иако најавата беше дека до крајот на годината ќе биде распишан тендерот за изведба на депонијата и фабриката за отпад, сепак Регионалната депонија кај Мечкуевци наменета за 18-те општини од Истокот и североистокот на државата, ќе…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Папазов и Илијев се за фер кампања

ВО РАМКИТЕ НА ПРЕДИЗБОРНИТЕ АКТИВНОСТИ И ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ НА 17 ОКТОМВРИ, ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ ДЕНЕСКА ГИ СПРОВЕДОА ПОТПИШУВАЊАТА НА КОДЕКСОТ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ, ОД СТРАНА НА УЧЕСНИЦИТЕ. Денеска во Мултикултурниот центар, учесниците на Локалните избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Настанот го организира ОИК, според протоколите за јавни настани, во време на пандемија, а на потпишувањето присуствуваа кандидатите за градоначалници, Љупчо Папазов и Николчо Илијев, како и носители на советнички листи од двата блока и од помалите партии. Веднаш по потпишувањето кандидатот поддржан од…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

НУЦК „Бели Мугри„ објави конкурс за литературна творба по повод 82 години од издавањето на стихозбирката „Бели Мугри„

По повод 82 години од издавањето на стихозбирката „ Бели мугри“ од Кочо Рацин, Националната установа Центар за култура – „ Бели мугри “ – Кочани, објавува : КОНКУРС За литературна творба ( песна, расказ, есеј, драмски текст, видување…) на тема: „ Како ги доживуваме Рациновите БЕЛИ МУГРИ “. Конкурсот има ревијален карактер. Творбите не треба да бидат претходно објавувани. Право на учество имаат сите граѓани постари од 16 години. Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, со големина на фонт 12, со македонска подршка. Краен рок на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Сакале да попишуваат на манастирски собор

Дека во и околу пописот одвреме-навреме има чудни појави, зборува случајот во селото Небојани, и тоа токму на денот на верскиот празник Мала Богородица. Имено, по повод празникот Манастирот организира голем собор, на кој доаѓа населението кое живее во околните планински села и маали. Таквата ситуација сакале да ја искористат попишувачите за овој реон, па на денот на манастирската слава дошле и започнале да бараат од верниците да се попишуваат. Меѓутоа, брзо реагирале од црковниот одбор, дека ниту е време, ниту е место за таква активност, прво заради празничната атмосфера…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Завршни подготовки за предизборната кампања

ОТКАКО Е ДЕФИНИРАНА ЕДИНСТВЕНАТА ЛИСТА НА КАНДИДАТИ, ОДНОСНО УЧЕСНИЦИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, КОАЛИЦИИТЕ, ПАРТИИТЕ И НЕЗАВИСНИТЕ ГИ ВРШАТ ПОСЛЕДНИТЕ ПОДГОТОВКИ ЗА СТАРТ НА ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ВО КОЈА ЌЕ ГИ ПОНУДАТ СВОИТЕ ПРОГРАМИ ЗА НАРЕДНИОТ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ. ПРИ ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНЕТИ ТЕРМИНАЛИ ЗА ОТЧИТУВАЊЕ НА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ. На пет дена пред стартот на изборната кампања, во тек се завршните подготовки на учесниците за старт на изборната кампања, која ќе трае од 27. Септември до 15 октомври. Во овој период тие пред граѓаните ќе ја претстават својата изборна програма за…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Обука за африканска чума кај дивите свињи

ЛЗ „БЕЛ КАМЕН“ ДЕНЕСКА БЕШЕ ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛНАТА ОБУКА НА УПРАВИТЕЛИ НА ЛОВИШТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО АФРИКАНСКАТА ЧУМА КАЈ ДИВИТЕ СВИЊИ. НА СТРУЧНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛФМ, ВЛАТКО АЛЕКСОВСКИ, КОЈ ЗБОРУВАШЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ОВОЈ ПРОЕКТ, ПРЕД СЕ ОД НАВРЕМЕНО ОТКРИВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНА ПОЈАВА НА БОЛЕСТА ВО РЕГИОНОТ И ДРЖАВАТА. Денеска во просториите на ЛЗ „Бел Камен“ Виница се одржа стручна презентација на тема: „Африканска свинска чума, подготвеност за итни случаи на Балканот“, на која присуствуваа претставници на Ловечките здруженија од Кочани, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево и…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

В понеделник, на 27 септември – ждребување за определување распоред за истакнување изборни плакати

Одделението за правни и општи работи во Општина Кочани ги известува организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати  од Општинската изборна комисија – Кочани, за избор на градоначалник и за членови  на Советот на Општина Кочани дека в понеделник, на 27 септември 2021 година, во 15 часот,во Салата за состаноци во Општина Кочани, ќе се изврши ждребување за определување на редоследот за истакнување изборни плакати без надомест, на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на Локалните избори – 2021 година. Плакатите ќе можат да се истакнат на…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Една грешка цела фабрика тешка …

… ИЛИ КАКО НАСЛОВОТ ВО НЕОДАМНЕШНОТО ИЗДАНЕ НА ТАЈМ ГИ ИЗРАДУВА КОЧАНЦИ, А СОДРЖИНАТА НА ИНФОРМЗЦИЈАТА ГИ РАЗОЧАРА, БИДЕЈЌИ СЕ РАБОТЕЛО ЗА КИЧЕВО А НЕ ЗА КОЧАНИ. ЌЕ ВЕТАТ ИЛИ ЌЕ НАЈАВАТ ЛИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ КОНЕЧНО НЕКАКВА ПОЗНАЧАЈНА ИНВЕСТИЦИЈА, БИДЕЈЌИ ОД УЛИЦИ И ТРОТОАРИ НЕ СЕ ЖИВЕЕ Таман кочанчани се израдуваа дека конечно и во Кочани ќе се реализира некаква инвестиција и ќе се отворат нови работни места, кога работата да била само обична грешка. Имено деновиве на Тајм беше објавен наслов „Три нови странски инвестиции во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 22 септември ќе се реализира велосипедската тура „По патеката на оризот“

В среда, на 22 септември – Меѓународниот ден без автомобили, Општина Кочани ја организира втората велосипедска тура „По патеката на оризот“ на релацијата: Кочани – Долни Подлог – Мојанци – Грдовци – Кочани. На 15-километарската велосипедска тура можат да учествуваат сите љубители на велосипедот, рекреативци, членови на спортски и велосипедски здруженија, а ќе се спроведе по протоколи за организирање јавни настани во услови на пандемија. Велосипедската тура „По патеката на оризот“ ќе започне во 16 ч. од Градскиот плоштад во Кочани. Со овој настан Општина Кочани се вклучува во одбележувањето…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

„Речани“ – политичка марионетка

Дури на крајот од мандатот, или пред почетокот на посакуваниот втор, градоначалникот Николчо Илијев облече чизми и стави шлем на глава, за да го посети градилиштето и да влезе во тунелот од проектот „Брана Речани“. Тоа што во оваа фаза не може да го види светлото на крајот од тунелот, е нормална работа, како што не може да го предвиди конечниот исход на изборите. Но проблемот не е во реализацијата на овој стратешки и капитален проект, кој се гради еднаш во сто години. За него одлучуваат други, тие ги даваат…

Прочитај повеќе