ЕКОНОМИЈА 

Згаснува ли добиточниот пазар во Облешево ?

Доаѓа ли време кога добиточниот пазар во облешево ќе биде затворен, бидејќи од вторник до вторник во него има се помалку добиток, сточари и трговци, а и прометот е драстично опаднат. Фармерството станува се по неисплатливо, а болестите ќе го сотрат добитокот. Ако се цени според драстично намалениот промет и празниот добиточен пазар во Облешево, може да се каже дека сточарството во источниот дел на државата бележи сериозна стагнација. Не така одамна овде беше како во кошница од крупен и ситен добиток, од сточари и трговци. Паѓаа договори за купопродажни…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

150.000 евра од БРР за „Роза Петрова“ и патот до Бела Река

Бирото за регионален развој ќе учествува во реконструкцијата на улицата „Роза Петрова“ и во доизградбата на вториот дел од локалниот пат Крушка – Ајдар, со средства во износ од 9,5 милиони денари.  Според проектот, реконструкција на улицата „Роза Петрова“ ќе се изведе од вкрстувањето со улицата „Ристо Симеонов“ до спојот со улицата „Страшо Ербапче“. Оваа улица е една од најфреквентните во Кочани која поврзува  дел од најголемите населби во градот: Текешински Лозја, Драчевик, Калиманова Глава и Валог, и претставува сообраќајна врска преку западниот влез на Кочани со туристичкиот локалитет Пониква.…

Прочитај повеќе
свет 

Продаваат куќи за 10 денари, за да „купат“ жители

Ако не ви се живее во Македонија, од економски, политички или било какви причини, а ја сакате Хрватска, еве ви можност да станете нејзин жител со подарок куќа, и тоа за само една куна, или нецели 10 денари. Патем, треба да се исполнат неколку услови, особено за странците, од аспект на возраст, ситуираност, гарантиран период на живеење. Кај нас веројатно никој, или скоро никој не слушнал за малото градче Леград, кое се наоѓа на северот на Хрватска, во близина на границата со Унгарија, со околу 2.250 жители. Од него луѓето…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Наташа Николова од Оризари е пронајдена

ВОНРЕДНА ВЕСТ: 16 годишната Наташа Николова од Оризари е пронајдена вечерва. Според првични објави на дел од медиумите девојчето е пронајдено од страна на група млади момчиња кои самоиницијативно се вклучиле во потрагата, ја пронашле дехидрирана, по што е однесена во болница. Наташа беше пријавена за исчезната на 10 јуни во 8 часот и до овој момент се вклучија голем број граѓани за нејзино пронаоѓање . Најважно од се е што девојчето е најдено живо, а дополнителни информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нов конкурс за грб и знаме на Кочани

НЕ ПОМИНА ПРВИОТ КОНКУРС ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГРБОТ И ЗНАМЕТО НА ОПШТИНА КОЧАНИ. ОД ПРИСТИГНАТИТЕ СЕДУМ ПРЕДЛОЗИ, ОДНОСНО ТРУДОВИ, КОМИСИЈАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГРБОТ И ЗНАМЕТО НЕ ПРИФАТИ НИТУ ЕДЕН И ПРЕДЛОЖИ РАСПИШУВАЊЕ НА НОВ КОНКУРС. НАГРАДАТА ПО СИМБОЛ ИЗНЕСУВА 10.000 ДЕНАРИ, ИЛИ ЗА ДВАТА ВКУПНО 20.000 ДЕНАРИ Комисијата за утврдување предлози за изменување на грбот и знамето на општина Кочани не утврди предлог за изменување, односно не прифати нуту еден од седумте предлози за нов грб и ново знаме на Општина Кочани. Интересно е што четири шифрирани предлози се…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кога општината ги „жали“ медиумите-ја убива демократијата !

ТАМУ КАДЕ ОПШТИНАТА ГИ ЖАЛИ И БРАНИ МЕДИУМИТЕ И НОВИНАРИТЕ – ДЕМОКРАТИЈАТА Е УБИЕНА. ДАЛИ КОЧАНСКИОТ СЛУЧАЈ СО ИНФОРМАТИВНАТА ДЕЈНОСТ, ОБРЕМЕНЕТА СО СУДИР НА ИНТЕРЕСИ, Е ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ ОД МЕЃУНАРОДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ? Непотпишаниот допис, со меморандум на Општина Кочани и испратен од лицето задолжено за односи со јавноста, во кој општината изразува жалење што „медиуми, новинари и портали претрпеа јавен линч од Симионова …“ може да се толкува дека општината всушност ги брани претставниците на седмата сила од граѓанските активисти. Или едноставно ги става на своја страна. А во најразвиените…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Втор ден протести на ВМРО ДПМНЕ ВО Кочани

Втор ден по ред членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа улицата „Раде Кратовче“ во Кочани со истото барање  Владата да го објави документот за кој се преговара во македонско-бугарскиот спор, за кој опозициската партија има информации и се сомнева дека содржи елементи со кои се загрозуваат посебноста на македонскиот народ, јазик, култура, традиција, обичаи и периодот на ослободителната антифашистичка борба. Како и сознанијата дека Декларацијата што е поднесена во Бугарскиот парламент се подготвува да стане составен дел од преговарачката рамка на Р. Македонија со Европската Унија. Учесниците во барикадите…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани: Нема простор за извинување за изнесените лаги и клевети од претседателката на Здружението „Грин.орг“

Во врска со барањето од претседателката на Здружението „Грин.орг“ за јавно извинување за изречена навреда и клевета врз неа, Општина Кочани ја известува јавноста дека простор за извинување нема. Таа продолжува со натамошно дезинформирање и замајување на јавноста. Општина Кочани стои зад фактите дека: Нема примено 30.000 евра по основ на концесија за мини-хидроцентралата на Мала Река; Не постои и не може да постои долг за концесија на правниот субјект ДИС Енергија кон Општина Кочани; Договор за концесија не склучува Општина Кочани, а со тоа и не може да побарува…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Слаб интерес за Петровденскиот турнир во мал фудбал

ДАЛИ ЌЕ СЕ ОДИГРА И СПОРЕД КОЈ СИСТЕМ, ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ВЕРОЈАТНО ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ЕКИПИ. ВО ПРЕДВИДЕНИОТ РОК ПРИЈАВЕНИ САМО ПЕТ ЕКИПИ, ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ЛИ УШТЕ ВО ДОПОЛНИТЕЛНИОТ? НАГРАДАТА ЗА ПОБЕДНИКОТ – 60.000 ДЕНАРИ. Петровденски турнир во мал фудбал годинава се соочува со мошне слаб интерес од страна на спортистите рекреативци, поради што е доведено во прашање неговото одржување. Според неофицијални податоци, до сега се пријавени само пет екипи, па организаторот одлучи да го продолжи рокот на 10-ти јуни. Меѓутоа, прашање е дали и…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

ПАТУВАЊЕТО КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА НИЗ ОДРОНИ И ОПАСНИ СВИОЦИ

Патувањето со моторно возило низ клисурата на реката Брегалница, од селото Истибање до Македонска Каменица, и понатаму до Делчево, е предизвик со многу опасности од веќе натрупани одрони, но и од надвиснати карпи кои можат во секој момент да се урнисаат на асфалтот. И покрај санацијата на најкритичните места пред две-три години, и поставените потпорни бариери, одроните на неколку места блокираа дел од коловозните ленти. Кога ќе се отстранат, засега никој не кажува, поради што може да се претпостави дека се чека да се доурниса ерозивното земјиште со карпи, па…

Прочитај повеќе