ЕКОЛОГИЈА 

ПРЕСВРТ ВО ЈАВНАТА ПОЛЕМИКА И ЗАКАНИТЕ СО ТУЖБИ НА РЕЛАЦИЈА ОПШТИНА КОЧАНИ – ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ГРИН.ОРГ.КО, АНА СИМИОНОВА.

Откако Ана Симонова јавно и се извини на Општина Кочани, односно на поедини службеници во неа, бидејќи беше под закана за тужба за ширење лажни вести и дезинформации, по големото откритие дека во 2018 година ДИС Енергија ги уплатило средствата за концесијата на Мала Река, сега Симонова бара јавно извинување од Општината. Официјалното барање во писмена форма  е доставено во Општина Кочани, а во него, меѓу другото, се наведува дека доколку нема извинивање, ќе има тужба. Останува да се види како на ваквото барање на претседателката на Грин.орг.ко ќе изреагира…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Продолжен рокот за пријавување на екипите во Петровденскииот турнир во мал фудбал – наградата за шампионот е 60 илјади денари

Со цел да добијат време за да ги формираат составите, по барање на екипи редовни учесници на традиционалниот Петровденски турнир во мал фудбал, рокот на пријавување се продолжува до четврток, 10 јуни. За учество на овој турнир, екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на жиро- сметкатана ОФС – КОчани, 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и  список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочаниили од официјалната веб-страница на Општина Кочани  www.kocani.gov.mk.…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочанска битка за Референдум против МХЦ на Мала Река

СО ПОДНЕСЕНАТА ИНИЦИЈАТИЗА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМСКО ИЗЈАСНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА И ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА МИНИХИДРОЦЕНТРАЛА НА МАЛА РЕКА, ЗДРУЖЕНИЕТО „ГРИН-ОРГ-КО“ МУ ЈА ФРЛИ ТОПКАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ДА ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ ЈА ПРИФАТИ ИЛИ ОТФРЛИ. СОВЕТНИЦИТЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ МЕСЕЦИ СЕ ИЗЈАСНУВАА ГЛАВНО ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА ОВОЈ ЕНЕРГЕНТСКИ КАПАЦИТЕТ, ПРВЕНСТВЕНО ОД ЕКОЛОШКИ АСПЕКТ. ЗАДОЦНЕТОТО ДОЗНАВАЊЕ ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ГИ СТАВИ ОПШТИНАТА И ДРЖАВАТА ПРЕД СВРШЕН ЧИН – АКО РЕФЕРЕНДУМОТ УСПЕЕ НА ИНВЕСТИТОРОТ ДА МУ ИСПЛАТАТ СКАПИ ПЕНАЛИ. Ќе ја прифатат ли иницијативата на граѓанското здружение и претседателката Ана Симонова, за распишување…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК ВМРО ДПМНЕ Кочани за утре најавува блокада од 16 до 17 и 30

Почитувани!! ВМРО ДПМНЕ утре во повеќе градови ширум Македонија ќе излезе со блокади на улиците. Ние, како ОК Кочани ќе организираме блокада на ул. ,, Раде Кратовче ” непосредно до градскиот плоштад. Протестот ќе започне во 16.00 часот до 17.30. БАРИКАДИТЕ ќе бидат нашиот одговор на оваа ненародна власт!! Со почит!ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кога општината ќе удри по граѓански активист …

Кога општината ќе почне да им се заканува на граѓанските активисти со тужби, тогаш тоа по автоматизам се сфаќа како замолчување на тие што треба да им бидат први соработници на локалните власти и што со своите активности одработуваат за нив. Бидејќи ефективното функционирање на локалната заедница е невозможно без граѓанскиот сегмент, кој во основа е волонтерски, и како таков можеби и најпрогресивен. Тоа што од Ана Симионова е побарано извинување, како услов и закана да не биде тужена, е прв и по многу нешта единствен случај во Општината. Пораката…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Околу малите хидроцентрали се вртат големи пари

Откако изградбата на Минихидроценралата на Мала Река ја разбранува кочанската јавност, многумина си го поставуваат прашањето, зошто инвеститорите се толку упорни да ги изградат овие енергетски објекти на толку мали реки, и каков профит носи произведената енергија? Плус прашањето, зошто најголем дел од нив се во рацете на мал број моќници во енергетскиот бизнис во државата ? Еден од одговорите е дека малите хидроцентрали не се „ситна риба“. Тоа го потврдува извештајот на Институтот за комуникациски студии, според кој, иако малите хидроелектрани учествуваат со само 3,8 проценти во вкупно произведената…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Партиите на мака, се бираат кандидати за градоначалници и советници

НА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ПОЕДИНИ КАНДИДАТИ РЕЧИСИ СО СИГУРНОСТ СЕ ЗНАЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ ДОВЕРБАТА НА ПАРТИИТЕ, ОСОБЕНО ОД ВЛАДЕЈАЧКИОТ БЛОК, ДОДЕКА ВО ОПОЗИЦИСКИОТ ИНТЕРЕСОТ ЗА ПРЕСТИЖНАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ФУНКЦИЈА Е ПОБРОЕН. ВО ПОМАЛИТЕ ОПШТИНИ СЕ СЕ СВЕДУВА НА ПО ЕДЕН-ДВАЈЦА КАНДИДАТИ, А ВО ПОГОЛЕМИТЕ ВО ИГРА СЕ ПО ТРИ ДО 9 ИМИЊА, ОД КОИ ПАРТИСКИТЕ ТЕЛА ЌЕ ИЗБИРААТ. ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕС И ЗА СОВЕТНИЧКИТЕ МАНДАТИ, КОИ НОСАТ СООДВЕТНИ ПРИВИЛЕГИИ. Иако до октомвриските локални избори за советници и градоначалници, преостануваат нешто повеќе од четири месеци, во поголемите општини…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Стоп за малите хидроцентрали, судски или спогодбено

Иако засега нема информации дали и концесиите за малите хидроцентрали што треба да се градат над Браната „Гратче“ и на Шталковичка река кај Турско рударе, ќе бидат повлечени. Меѓутоа, по вчерашната изјава на Премиерот Зоран Заев, дека Владата размислува да повлече поголем дел од концесиите за мали хидроцентрали, односно дека ќе се преиспитуваат концесиите таму каде не се почитувани стандардите и оние во заштитени подрачја, станува извесно дека граѓанските активисти ќе ја добијат битката околу овие енергетски капацитети.. Во изјавата се вели дека се очекува за некои од инвеститорите што…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Три месеци рок за загадувачите

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО АКЦИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА КАНАЛИ КОИ СЕ ЗАГАДУВАНИ СО ИНДУСТРИСКИ И ДРУГИ ОТПАДНИ ВОДИ. НЕКОЛКУ ФИРМИ КОИ РАБОТЕЛЕ БЕЗ БИЛО КАКВИ ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ ЌЕ МОРА ВО РОК ОД 90 ДЕНА ДА ИЗРАБОТАТ ЕЛАБОРАТИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. Државниот инспекторат за животна средина, по пријавување за загадување на водите во Кочанско, спроведе надзор на посочените локации на западниот и источниот дел на градот, при што, како што информираат од инспекторатот, во западната индустриска зона, немало основ за постапување бидејќи станува збор за излевање по…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Матурантите утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Утре во 10 часот, средношколците ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура- мајчин јазик кој е задолжителен за сите пријавени кандидати кои ќе полагаат државна матура. 160 средношколци од СОУ Гошо Викентиев оваа година го завршуваат средното образование од кои 90 се привени да полагаат државна матура, а останатите 70 ќе полагаат завршен испит. Вториот  екстерен испит, кој е изборен, ќе го полагаат на 11 јуни. Резултатите од тестовите  ќе бидат објавени во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. Матурантите коишто нема да ја положат…

Прочитај повеќе