ПОЛИТИКА 

Познати кандидатите за градоначалници и за советнии

ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ ГИ ДЕФИНИРАА УЧЕСНИЦИТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И ЗА СОВЕТНИЦИ ВО ОПШТИНСКИТЕ СОВЕТИ. ВО ЧЕТИРИТЕ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ ВО ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ЌЕ УЧЕСТВУВААТ ВКУПНО ДЕВЕТ КАНДИДАТИ, А ЗА СОВЕТНИЦИ ЌЕ СЕ БОРАТ 19 ПАРТИСКИ И НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ. На 11 септември, на полноќ, заврши рокот за пријавување кандидатски листи за советници и за кандидати за градоначалници. Независните и партиите го чекаа последниот момент за да ги достават до Општинските изборни комисии кандидатурите, кои вчера и денеска ја исконтролираа нивната исправност и веќе ги издаваат решенијата…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

За „Осогово„ и „Слога“ по три бода

ОСОГОВО ЈА ПОСТИГНА ПРВАТА ПОБЕДА ВО ПРВЕНСТВОТО, ОД 2:0, ПРОТИВ БРАТСТВО 07, А „СЛОГА 1934“ ОСВОИ ТРИ БОДА НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ТИМ ЛОКОМОТИВА, И Е ЕДИНСТВЕНА ЕКИПА СО МАКСИМАЛЕН УЧИНОК ВО ПРВИТЕ ТРИ КОЛА. ВО НАРЕДНТО КОЛО КОЧАНЦИ ЈА ПРЕЧЕКУВААТ ТИМ ЛОКОМОТИВА, А ВИНИЧАНИ ПОБЕДА ОД ПРИЛЕП. Успешен викенд за второлигашите Осогово и Слога 1934, кои во рамките на третото коло ги освоија бодовите, прикажувајќи добар фудбал. Осогово стигна до првата победа во новото првенство, против солидната екипа на Братство 07 од Житоше, со резултат 2:0, полувреме 1:0. Кочанчани одиграа…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Гроздоберот почна, цените 15 – 16 денари за кг.

УБАВОТО ВРЕМЕ ИМ ОВОЗМОЖИ КВАЛИТЕТНА БЕРБА НА ГРОЗЈЕТО, КОЕ ГОДИНАВА ГО ИМА ВО ПОМАЛИ КОЛИЧИНИ, НО Е СО МОШНЕ ДОБАР КВАЛИТЕТ ПОРАДИ ИЗОБИЛСТВОТО СОНЧЕВИ ДЕНОВИ. ЛОЗАРИТЕ НЕ СТРАВУВААТ ЗА ПЛАСМАНОТ, БИДЕЈЌИ ИНТЕРЕСОТ КАЈ ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ЗА ГРОЗЈЕ Е ГОЛЕМ. ЦЕНАТА НА ВРАНЕЦОТ СЕ ДВИЖИ ОД 15 ДО 16 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ. Голем број лози во Кочанската Котлина ги искористија изминатите два дена на сончево време за да го оберат грозјето. Вински сорти грозје, од кои најзастапени се вранецот и смедеревката, се береа во подплачковичките населени места. Годинава приносите се нешто…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМЕ Кочани

Почитувани, Николчо Илијев иако навидум сите не лажеше за тоа дека не сака да учествува во трка за втор мандат, овие денови е официјално промовиран од СДСМ. Неговата конекција со СДСМ не е многу силна, но затоа неговата врска со Заев е огромна. Тоа е личен сојуз на двајца транзициони олигарси. Сличноста е голема, гледајќи од повеќе аспекти. Двајцата ја искористија транзицијата да направат огромно лично богатсво за сметка на народот. Исто така ги изедначува и желбата за контрола на градежни дозволи, фабриките за марихуана и злоупотреба на позиција власт,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Двата блока сигурни во победа, градоначалник ќе биде еден, или Папазов, или Илијев

На два дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за градоначалници, се поизвесно е дека во Кочани битката за престижната фотеља ќе ја водат двата најголеми политички блока СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Адутот на опозициската партија, Љупчо Папазов, против адутот на СДСМ Николчо Илијев.  Двајцата партиските доверби ги добија по спроведени анкети меѓу граѓаните, кои покажале убедлива предност на едниот и другиот меѓу гласачкото тело и сопственото членство. Според ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Папазов е сигурен победник и иден градоначалник на Кочани. Според СДСМ пак, Николчо Илијев е фаворит за втор мандат…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Прекин во водоснабдувањето на дел од Лесна индустрија

Поради изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, КЈП „Водовод“ работи на преместување на водоводна линија. Од тие причини, денеска, дел од зоната Лесна индустрија има прекин во водоснабдувањето, кој ќе трае до 14 ч.

Прочитај повеќе
Uncategorized ПОЛИТИКА 

СДСМ соопшти: Николчо Илијев е кандидатот за Кочани

Денеска конечно СДСМ го соопшти тоа што сите во Кочани го знаеја и очекуваа. Актуелниот градоначалник, „Николчо Илиев, ќе се бори за втор мандат како кандидат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.“. Кандидатурата СДСМ ја аргументираше со – „Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на општината“. Во меѓувреме, ден-два пред официјализирањето, Илијев, а не Илиев, ја активираше својата фејсбук предизборна…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Фелата „гори“ …  втор дел

Во шемата што му ја скрои локалната власт на локалното новинарство во Кочани, медиумските работници трета година се како риби на суво, а граѓаните со ограничено информирање. Водечка телевизиска новинарка, со квалитети на високо професионално ниво, не можејќи повеќе да работи за 200 евра месечно, мораше спас од беспарицата да бара во малку по несиромашното школство – замина за учителка. Еден од малкуте сниматели, монтажери и уредувачи на програма – егзистенцијата ја побара на бензинска пумпа. Сопственик и еден од врвните локални новинари на електронски медиум, покрај што е пишувач…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Илијев без „Благодарница“ за медиумите за придонесот околу пожарите

Градоначалникот Николчо Илијев повторно, или ги заборави, или ги игнорираше медиумите. Овој пат на свечената седница на Советот, по повод Ослободувањето на Кочани, кога за придонесот во справувањето со катастрофалните пожари беа доделени над триесетина благодарници, на сите кои на еден или друг начин учествувале, освен на медиумите, или барем еден медиум од многубројните, кои деноноќно беа на терен и ги информираа граѓаните. Притоа, пренесувајќи апели за помош од самиот градоначалник. Претпоставка е дека пропустот не е намерен, и е повеќе на службите, меѓутоа фактот дека се надоврзува на тригодишното…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот со отчет за сработеното

На свечена седница на Советот на Општина Кочани, која се одржа на Споменикот на слободата, а по повод 7-ми септември, денот на ослободувањето на Кочани, градоначалникот Николчо Илијев се осврна на сработеното во изминатата година, но и во четирите години мандат, нагласувајќи ги патот кон Пониква, градинката чија изградба е во тек, асфалтирањето на улици во градот и селата, и други проекти. По неговото излагање, беа доделени највисоките општински награди – за значајно остварување и за животно дело. Наградата за животно дело му беше додоелена на Борис Стојчев, уметник, истражувач…

Прочитај повеќе