ЦРНА ХРОНИКА 

Машки труп изваден од каналот кај касарната

 На решетките пред затворениот дел од десниот магистрален канал кај некогашната касарна, во населбата Усова Чешма, утрово е пронајден машки труп, кој сеуште не е идентификуван. Телото го забележале и веднаш го пријавиле во Полициската станица, вработени во Водостопанство Брегалница, кои вршеле редовно чистење на каналскиот систем. Се претпоставува дека починатиот е на в озраст помеѓу 60 и 70 години, а засега не се знаат причините, дали станува збор за несреќен случај со давење, или се работи за насилна смрт. Екипа од Одделението за внатрешни работи и јавен обвинител вршат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во проекти од Општинско корисна работа – ангажман за уште 24 лица

Општина Кочани доби максимална поддршка од програмата Општинско корисна работа. Од септември вкупно 24 лица ќе бидат вклучени во шест различни активности. –  Општина Кочани оваа година конкурираше со два проекта. Во првиот –„Поддршка“  побаравме тројца образовни асистенти во средно образование, осум негуватели на деца во градинка, тројца лични асистенти – негуватели за лица болни од алцхајмер, мултиплекс склезора и деменција, две лица како дел од тим за психосоцијална поддршка и уште две лица даватели на услуги во Центарот за донации. УНДП ги поддржа сите побарани лица – соопшти Аника Илијевска…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Големите партии спремаат блокада на независните листи !

СДСМ и ВМРО, уплашени како никогаш досега од независните листи како што се ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Më mirë për Tetovën, Поинаку, Гази Баба, итн., сакаат да нè спречат да излеземе на локалните избори. Со измените кои ги договориле на Изборниот законик оваа недела, наместо фиксен број на потписи што треба независните листи да ги соберат за да излезат на избори, таа бројка е ставена на 2% од гласачкото тело. Во реалноста тоа значи дека за независна листа да може да кандидира градоначалник или советници на Град Скопје, наместо досегашните 1.000,…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Времиња – неврамиња: Стратегии …

Кај и да е, Кочани ќе стане олимписки град. Некој побара стручњаци да им изработат Стратегија за спорт – и ја добија. Сега имаме стратегија, ама без пари и чувство за потребите на спортските екипи и спортистите, се ќе остане мртво слово на хартија. Нема ракомет, нема одбојка, нема борење, нема футсал, нема атлетика – ни машки, ни женски. Загрижени спортски работници велат дека парите за изработувачите на стратегијата се напразно фрлени.  Друг побара обука на советниците за урбанистичката проблематика, на сметка на општината, небарем ќе останат таму до крајот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Дали битолскиот „рецепт“ е поефикасен од кочанскиот ?

ВО БИТОЛА И ПЕЛАГОНИЈА НЕМА ОРИЗОВИ ПОЛИЊА, АМА БИТОЛЧАНИ СО ПЕТДНЕВНО ЗАПРАШУВАЊЕ ВО ВЕЧЕРНИТЕ И НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДУРИ ПЕТ ДЕНА ЕДНОПОДУГО СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ. КАЈ НАС СЕ Е ПО СТАРО, НЕКООРДИНИРАНО И НА КРАЈ НЕЕФИКАСНО. Дали битолчани нашле подобар начин да се справат со комарците, ќе треба да дознаат надлежните служби во Општина Кочани, со евентуална размена на искуства за оваа проблематика. Решиси баналната шема со повремено прскање од воздух и од земја, која со децении се применува во нашиот град, одамна предизвикува сомнежи кај граѓаните околу ефикасноста. Особено…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Четириесет и осумгодишниот Г.К. починал во фабрика во Кочани

На 22.07.2021 во 13.02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12.30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани. Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Задолжителна е регистрацијата на изнајмувачи до 10 соби

Задолжителна е регистрацијата во локалниот регистар на физичките лица што вршат угостителска дејност од мал обем. За разлика од трговските друштва и трговците поединци кои се запишуваат во Трговскиот регистар, физичките лица што вршат угостителска дејност се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на Општината.  Според законската регулатива се води Регистар на физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем, односно кои изнајмуваат до 10 соби или до 20 легла. Физичките лица што вршат угостителска дејност од мал обем може да изнајмуваат куќи, апартмани, викендици и соби за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кружниот наметна дислокација на бараките и зеленото пазарче

Од тротоарот на булеварот „Тодосија Паунов“ во близина на кружниот тек кај Автобуската станица ќе се отстранат пазарските тезги и бараки. Реконструкцијата на „Тодосија Паунов“ го наметна прашањето за решавање на еден од проблемите со кои се соочуваат граѓаните – обезбедување што поголема проодност на пешачките површини. Градоначалникот Николчо Илијев смета дека овој дел нуди можност истите содржини, со правилен распоред да бидат подеднакво достапни и подобро организирани, така што движењето на пешаците по тротоарите да не биде отежнато или оневозможно. – Посматрајќи ја целокупната состојба во тој дел на…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Надпартиски и непартиски – има разлика

Општина Кочани за првпат од воведување на повеќепартискиот систем, на чело има надпартиски  градоначалник. Тоа во основа значи дека така формулираниот градоначалник не е член на ни една партија, што значи ниту на СДСМ. Па сепак, дел од граѓаните и по речиси четири години од раководењето со општината на актуелниот татко на градот, се прашуваат што значи тоа надпартиски. Дали „над“ значи дека некој е над партијата, со претпоставка дека таквата самопозиционираност воопшто е можна. Или можеби значи уште повисоко, над партиите. Овие дилеми за јавноста се особено збунувачки, затоа…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Платата расте полека, цените галопираат

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ОД 28.721 ДЕНАРИ ЗА МАЈ, МНОЗИНСТВОТО ВРАБОТЕНИ МОЖАТ САМО ДА ЈА СОНУВААТ. И ТАКВА ТАА Е ПОМАЛА ОД МЕСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ЗА ЕДНО 4 ЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО, КОЈА НАДМИНА 35.000 ДЕНАРИ. И покрај тоа што просечната исплатена нето плата во државата постојано расте, сепак расте и сиромаштијата, дури и кај дел од вработените.  Државниот завод за статистика, објави дека во мај годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесувала 28.721,00 денари, што е за 8,8% повеќе од мај, лани, кога изнесувала 26.410,00 денари. Зголемувањето се должи на порастот…

Прочитај повеќе